| четврток, 6 декември 2018 |

Николиќ му го довери мандатот за новата влада на Вучиќ

Српскиот претседател Томислав Николиќ денеска на актуелниот премиер и лидер на Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ му го довери мандатот за формирање на нова Влада на Србија.

Николиќ соопшти дека решил да му го довери мандатот на Вучиќ, од како од него добил уверување дека има поддршка за формирање Влада од мнозинството пратеници во новиот состав на српското Собрание.

– Сите останати дојдоа свесни за фактот дека СНС освои најмногу мандати и дека со право ќе бара мандат за формирање влада – рече Николиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top