Аферата „Платеничка револуција“ открива уште поголема новинарска фабрика составена од новинари-платеници кои добивале хонорари од чадорот на невладини организации на СОРОС. Звучни новинарски пера се наоѓаат на платните списоци на Соросовите невладини, а во игра биле милионски заработки и хонорари. Токму најгласните новинарски пера против власта се оние кои се офајдиле со хонорари.
Не било доволно што повеќето работат во медиуми финансирани со парите на СОРОС, па тие си добивале и лични хонорари и плати од ваквиот чадор на организации. Десетици новинарски имиња како Бранко Геровски, неговата сопруга Билјана Илиќ, Драган Антоновски, Мухамед Зекири, Герман Филков, Ида Протуѓер, Сашка Цветковска, синот на Ерол Ризаов, Горан Ризаов, Саше Димовски, Зоран Димитровски, Зоран Бојаровски, Мери Јордановска и други, земале хонорари и примања од различни невладини организации.
За возрат, нивниот труд во новинарството е препознатлив по острите напади врз владата, текстови и оркестрирани прилози за кој се докажало дека во најголем дел се невистини, критики и жигосувања, застапување и отворена поддршка на протестите и СДСМ. Шемата која е финансирана со парите на СОРОС не е нова.
За потсетување, Македонија има искуство со слична афера, насловена „Фабрика 1“, која се појави во 2004 година каде тајно, без знаење на нивните редакции, за хонорари од неколку стотици евра месечно, преку агенцијата „Фабрика“ работеле за тогашната влада на СДСМ, ги подготвувале говорите на тогашниот премиер од СДСМ, како и прес-конференциите, брифинзите и изјавите на неколку министри. Фрапантно и во исто време иронично е што токму дел од новинарските пера кои тогаш беа дел од таа афера сега повторно се појавуваат во улога на новинари платеници и се дел од платеничката револуција на СДСМ.
Па така, новинарот Герман Филков, кој бил најмен да пишува во 2004 година за владата на СДСМ, сега повторно си зема дебели пари од Соросовите организации. Во 2014 година Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации инкасирал 1.354,022 денари, а минатата година од истата организација заработил неверојатни 1.420,425 денари.
Исто така и новинарката Сабина Факиќ, која беше дел од сдсмовската фабрика во 2004 година, таа сега е дел и од аферата платеничка револуција. Таа во 2015 година од Соросовиот Центар за граѓански комуникации инкасирала 1.328,172 денари.
Пари земал и новинарот Драган Антоновски, кој верувале или не, последно во јавноста говореше за етика во новинарството и дел од т.н. Совет за етика. Тој од Центарот за развој за медиуми инкасирал 56.433 денари.
Неизбежно, кога станува збор за СОРОС е и името на Бранко Геровски, кој е главен уредник на порталот Плус инфо, и на весникот Слободен печат. Освен тоа што не се крие финансиската поддршката која СОРОС Македонија ја има кон неговите медиуми, тој во 2014 година си инкасирал и личен хонорар од по 5.846 денари од соросовиот НВО Инфо центар. Тоа не било доволно, па неговата сопруга Биљана Илиќ Геровска од Центарот за развој на медиуми инкасирала 48.000 денари, а во друг наврат претходно по нови 7.290 денари.
Поранешниот новинар, а сега вработен од една од соросовите организации – ФОРУМ ЦСИД, Александар Николиќ Писарев, инкасирал 901.986 денари за последните две години, а пари земал и од Пактис центарот, како и од Плоштад Слобода во висина од 35.871 денари. Дополнително во 2014 година инкасирал пари и од соросовата Цивил во висина од 22.079 денари.
Во платеничката револуција е дел и новинарот на Фокус, Саше Димовски, кој минатата година освен приходите од плата, земал 60.000 денари од Македонско здружение за млади правници и дополнителни 52.802 денари од Центарот за развој на медиуми. Тој во 2014 година пари земал повторно од Македонското здружение за млади правници како и хонорари од Центарот за развој на медиуми.
Минатата година новинарот Владе Ѓорчев земал 627.599 денари и уште еден хонорар од 12.582 денари од Соросовата организација Метаморфозис. Во истата дружина е и новинарот Владо Апостолов, кој минатата година земал по 7.290 денари од Центарот за развој на медиуми и имал повеќе исплати од по 16.990 денари од Соросвата ФОРУМ ЦСИД, исплати кои во различни износи продолжиле и минатата година.
Дел од аферата платеничката револуција се и новинарите Билјана Секуловска од Нова ТВ, која инкасирала по 7.290 денари од Центарот за развој на медиуми во 2014 година, а истата година од истата организација се офајдил и уредникот на ФОКУС, Зоран Димитровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Принцот Чарлс има афера со позната актерка
-
Новинарот Саше Димовски со порака до власта: Че си лежите
-
Што му се „готви“ на Роналдо: Тој го чека своето трето дете, а таа јавно кажа дека неодмна спиела со него (Видео)
-
Ни Милчин ни алфите не го одбранија Героски: Двобојот во „Манда“ заврши со победа на Палевски (ВИДЕО)