| четврток, 6 декември 2018 |

Новинарот Саше Димовски со порака до власта: Че си лежите

Новинарот Саше Димовски кој со години пишува за судството во Македонија, преку Фејсбук статус ја повика Владата да го поништи доделувањето на парични средства од Фондот за иновации, а Основното јавно обвинителство кривично да ги гони комисиите за злоупотреба.

-За да се спаси од РЕЗИЛОТ, Владата треба итно да го поништи целиот ИНОВАТИВЕН грабеж од Фондот, а ОЈО да ги гони кривично Комисиите и Деспотовски за ЗЛОУПОТРЕБА, тоа е тој фамозен член 353, став 5…а, сите функционери, од Коче, до Хари и компанија за конфликт на интереси! АЈДЕ МИЦКО, на наредна лидерска гукни и за ова, скрати им ги крилцата малку! ОЈО Скопје пак да ја истражи поделбата на исто така милиони, што ја направи МО и Радмила Шеќеринска, каде што парите завршија во организацијата на министерот задужен за „амдибајрамски работи во Влада“ и многу НГО советници кои сега седат у Влада, а цицаат за довчерашните им организации! не е само поделбава во Фондов криминална!!! Ако лажејќи не со ЕУ и НАТО, целта ви е државен грабеж, и тоа како ЧЕ СИ ЛЕЖИТЕ!!!! С моли Максим Димитриевски да удри по Заев, таму е главата, не е опашката, стои во објавата на Фејсбук на Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top