| четврток, 6 декември 2018 |

Аферата „Платеничка револуција“ на СДСМ открива уште поголема фабрика на новинари-платеници

novinarski tekst

Аферата „Платеничка револуција“ открива уште поголема новинарска фабрика составена од новинари-платеници кои добивале хонорари од чадорот на невладини организации на СОРОС. Звучни новинарски пера се наоѓаат на платните списоци на Соросовите невладини, а во игра биле милионски заработки и хонорари. Токму најгласните новинарски пера против власта се оние кои се офајдиле со хонорари.

Не било доволно што повеќето работат во медиуми финансирани со парите на СОРОС, па тие си добивале и лични хонорари и плати од ваквиот чадор на организации. Десетици новинарски имиња како Бранко Геровски, неговата сопруга Билјана Илиќ, Драган Антоновски, Мухамед Зекири, Герман Филков, Ида Протуѓер, Сашка Цветковска, синот на Ерол Ризаов, Горан Ризаов, Саше Димовски, Зоран Димитровски, Зоран Бојаровски, Мери Јордановска и други, земале хонорари и примања од различни невладини организации.

За возрат, нивниот труд во новинарството е препознатлив по острите напади врз владата, текстови и оркестрирани прилози за кој се докажало дека во најголем дел се невистини, критики и жигосувања, застапување и отворена поддршка на протестите и СДСМ. Шемата која е финансирана со парите на СОРОС не е нова.

За потсетување, Македонија има искуство со слична афера, насловена „Фабрика 1“, која се појави во 2004 година каде тајно, без знаење на нивните редакции, за хонорари од неколку стотици евра месечно, преку агенцијата „Фабрика“ работеле за тогашната влада на СДСМ, ги подготвувале говорите на тогашниот премиер од СДСМ, како и прес-конференциите, брифинзите и изјавите на неколку министри. Фрапантно и во исто време иронично е што токму дел од новинарските пера кои тогаш беа дел од таа афера сега повторно се појавуваат во улога на новинари платеници и се дел од платеничката револуција на СДСМ.

Па така, новинарот Герман Филков, кој бил најмен да пишува во 2004 година за владата на СДСМ, сега повторно си зема дебели пари од Соросовите организации. Во 2014 година Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации инкасирал 1.354,022 денари, а минатата година од истата организација заработил неверојатни 1.420,425 денари.

Герман Филков и Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации

Герман Филков и Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации

Исто така и новинарката Сабина Факиќ, која беше дел од сдсмовската фабрика во 2004 година, таа сега е дел и од аферата платеничка револуција. Таа во 2015 година од  Соросовиот Центар за граѓански комуникации инкасирала 1.328,172 денари.

Антоновски на трибините на СДСМ пред Влада

Антоновски на трибините на СДСМ пред Влада

Пари земал и новинарот Драган Антоновски, кој верувале или не, последно во јавноста говореше за етика во новинарството и дел од т.н. Совет за етика. Тој од Центарот за развој за медиуми инкасирал 56.433 денари.

Героски и сопругата на студентските протести

Героски и сопругата на студентските протести

Неизбежно, кога станува збор за СОРОС е и името на Бранко Геровски, кој е главен уредник на порталот Плус инфо, и на весникот Слободен печат. Освен тоа што не се крие финансиската поддршката која СОРОС Македонија ја има кон неговите медиуми, тој во 2014 година си инкасирал и личен хонорар од по 5.846 денари од соросовиот НВО Инфо центар. Тоа не било доволно, па неговата сопруга Биљана Илиќ Геровска од Центарот за развој на медиуми инкасирала 48.000 денари, а во друг наврат претходно по нови 7.290 денари.

Статус на Писарев на Фејсбук

Статус на Писарев на Фејсбук

Поранешниот новинар, а сега вработен од една од соросовите организации – ФОРУМ ЦСИД, Александар Николиќ Писарев, инкасирал 901.986 денари за последните две години, а пари земал и од Пактис центарот, како и од Плоштад Слобода во висина од 35.871 денари. Дополнително во 2014 година инкасирал пари и од соросовата Цивил во висина од 22.079 денари.

Саше Димовски

Саше Димовски

Во платеничката револуција е дел и новинарот на Фокус, Саше Димовски, кој минатата година освен приходите од плата, земал 60.000 денари од Македонско здружение за млади правници и дополнителни 52.802 денари од Центарот за развој на медиуми. Тој во 2014 година пари земал повторно од Македонското здружение за млади правници како и хонорари од Центарот за развој на медиуми.

Минатата година новинарот Владе Ѓорчев земал  627.599 денари и уште еден хонорар од 12.582 денари од Соросовата организација Метаморфозис. Во истата дружина е и новинарот Владо Апостолов, кој минатата година земал по 7.290 денари од Центарот за развој на медиуми и имал повеќе исплати од по 16.990 денари од Соросвата ФОРУМ ЦСИД, исплати кои во различни износи продолжиле и минатата година.

Дел од аферата платеничката револуција се и новинарите Билјана Секуловска од Нова ТВ, која инкасирала по 7.290 денари од Центарот за развој на медиуми во 2014 година, а истата година од истата организација се офајдил и уредникот на ФОКУС, Зоран Димитровски.

Предраг Петровиќ

Предраг Петровиќ

Од Центарот за развој на медиуми земал пари и новинарот и сопственик на сајтот А1 Он, Предраг Петровиќ, кој освен поддршката за сајтот земал и додатни 7.290 денари.

Поранешната уредничка на порталот Телеграф, која сакаше да се прогласи за жртва и го напушти местото на кое работеше поради наводни притисоци кои се коселе со нејзините етички стандарди, Ивана Костовска, за својот активизам си добивала и финансиска надокнада од 19.790 денари од соросовата Центар за развој на медиуми.

Ида Протуѓер

Ида Протуѓер

Ништо полошо не поминала и новинарката Ида Портуѓер, која од НВО Инфо Центарот во 2014 година земала 17.778 денари, а минатата година инкасирала пари и од Центарот за развој на медиуми.

rizaov

Ризаов на Фејсбук споделува фотографии од сквернавењето на фонтаната „Воин на коњ“

Пари од соросовата Метаморфозис во висина од над 340.000 денари земал минатата година и новинарот Горан Ризаов, инаку син на новинарот Ерол Ризаов. Од Метаморфозис за истиот период пари земала и Оливера Војновска од Утрински весник во висина од 45.079 денари.

Мери Јордановска, Бранко Героски, Драган Антоновски, Зоран Бојаровски на трибините на СДСМ пред Влада

Мери Јордановска, Бранко Героски, Драган Антоновски, Зоран Бојаровски на трибините на СДСМ пред Влада

Новинарот Зоран Бојаровски, кој е и колумнист на Слободен печат и Плус инфо, минатата година инкасирал 174.838 денари од Соросовата ФОРУМ ЦСИД, а пари земал и од Центарот за развој на медиуми. Дополнително претходната фискална 2014 година во три наврати од ФОРУМ на СОРОС земал вкупно 165.448 денари.

Зекири и Заев

Зекири и Заев

Пари за својот активизам земал и главниот уредник на новата ТВ Шења, Мухамед Зекири, кој минатата 2015 година од ФОРУМ ЦСИД земал на два пати по 8.520 денари. Од истата оваа Соросова организација пари земале и новинарите Сашка Цветковска од НОВА ТВ, како и Огнен Јаневски од ТВ 24Вести, кој е жесток поборник за правата на ЛГБТ заедницата.

Мери Јордановска со Шилегов Мери Јордановска со Шилегов

Пари земал и Јофе, односно Јован Постоловски од порталот Либертас. Тој во 2014 година од Центарот за развој на медиуми си инкасирал по 7.290 денари, а од истото место пари земал во 2015 година и новинарот на Телма, Дарко Чекеровски, додека пак новинарката Мери Јордановска остварила приход од сoросoвата ЦИВИЛ во 2014 година.

Фиљана Кока Фиљана Кока

Интересен е фактот што и покрај обвинувањата на опозицијата дека јавниот сервис МРТВ е под жестоко влијание на власта, постојат новинари од овој медиум кои се на платниот список на соросовите медиуми. Новинарката Фиљана Кока во последните две години инкасирала примања од соросовиот Центар за развој на медиуми од по 3.750 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top