Главниот медиумски стратег на СДСМ Бранко Героски и поранешниот прв човек на градската организација на СДСМ, Љупчо Палевски, верувале или не, закажаа тепачка за денес во 12 часот. Палевски најпрво го предизвика Героски, а тој пак прифати…
Со мало задоцнување, вооружен со силна придружба од новинари од Слободен печат, но и поранешниот прв човек на Сорос, Владимир Милчин, Героски се појави на закажаното место.
Палевски во меѓувреме објави на Фејсбук дека Героски дошол со Алфи, кои седеле во кафулето спроти „Манда“ и чекале да видат што ќе се случи.
Утре пресметка точно на пладне: Палевски и Геровски ќе ги одмерат силите пред „Манда“
Палевски му пријде на Героски и побара од него да му се извини за навредите што ги изнел за него, а откако овој немо го гледаше неколку мига, Палевски му истури жолта и црвена боја, како што рече, во манир на Шарената револуција што самиот ја измислил. Боите, рече Палевски, ги избрал намерно, за и Геро еднаш да биде обележан во националните бои на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)