| четврток, 6 декември 2018 |

Небањати и шарени

 

Ацо Станковски

Ацо Станковски

Уште минатата година имавме едно чудесно инверзно воспоставување на егзистенцијалните карактеристики на таканаречените обоени ревоулуционери, кои во меѓувреме станаа шарени.

Имено, во минатото елитата на новобрендираните шарени револуционери, своите противници од македонската владејачка партија ги нарекуваа со навредливото име – небањати. Притоа, алудираа на плебејското, односно, селското и пролетерското потекло на огромниот дел од членството, но и гласачкото тело на владејачката партија. Нивното сиромашно егзистенцијално милје не можеше да си дозволи скапи средства за хигиена и уште поскапа тоалета и галантерија, па кај изнакрадените потомци на црвената буржоазија тоа предизвикуваше потценувачки однос и индигнација. Всушност, сите овие, со криминал збогатени претставници на врхушката на недоветната десетгодишна опозиција, која освен крадење и лажење не знае да сработи никаков општествено полезен проект, се појави страшен одиум и завист кон работливите фармери и работници, кои од најскромни позиции демнострираа неверојатна економска креативност и политичка конзистентност, притоа внесувајќи ја Република Македонија во еден повеќегодишен циклус на бериќетни стратегии и прогрес во скоро сите аспекти  на изградбата на државата. И овој успех на општествените групации, така сурово потценети и негирани од овие лажни аристократи на „Комуњарец“ (како нивните предци да биле лордови и војводи од британското острво), предизвика незапамтена злоба и омраза кај овие морално пропаднати чеда на тоталитаризмот, на општествениот грабеж и предавници на националните интереси на Република Македонија, што најфуриозно влетаа во една крајно вулгарна и дегутантна критика, при која не бираа средства за деградирање и навреди и при која почнаа да ги користат најпотценувачките квалификативи, а еден од нив беше и оној, кој имплицираше нечистотија, смрдеа, гнасотија и што ли уште не.

Но судбината е чудесна и непредвидлива и, сходно на ова, таа сурово си поигра со лажните аристократи – копилињата на црвената буржоазија, последниот хистеричен остаток на тоталитаризмот во југоисточна Европа.

Поправо, при насилното кампување на демонстрантите на „Комуњарец“ и „Суруш“ пред Владата на Република Македонија, се покажа кој, всушност, е небањат и кој навистина шира смрдеа и гнасотија околку себе. А тоа, без сомнение, е токму „Комуњарец“ и неговите трабанти, кои при оваа шаторска опсада на македонската влада развија околу себе таков квантум на нехигиена и гнасотија, што несомнено се легитимираа пред јавноста како небањати. Вистински небањати и усмрдени абонирци на предавничките и кодошките структури под покровителство на криминалното здружение – „Комуњарец“, кое веќе произведе неколку фабрики за фекални производи и „Суруш“ – меѓународна злостроничка организација, чија главна задача е извртување на фактите и клеветење на одредени организации и личности, со цел да се постигне политичко влијание и освојување на власта. Но тоа никако не им се случува, а уште помалку ќе им се случи во иднина.

Зошто народот на Македонија ги виде како вистински небањати гнасници, но не им ја замери толку материјалната, да не кажам, телесната нехигиена, туку онаа гансотија на душата, на нивните аморални карактери, полни со омраза и манијакалност. Ете тоа е вистинска неизбањатост, а таа најмногу се однесува на нивните смрдливи водачи и гласноговорници. Зошто толкави количества на омраза и лажливост ја засмрдуваат личноста, без оглед какви скапоцени средства за хигиена употребувала.

Во случајот, пак, на оние сироти кампери од минатогодишниот логор на „Небањатите опозиционери“, кои за 500 денари дневно влегоа во најсмрдливиот политички проект во современата македонска историја, можам само да изразам сочувство за нивната наивност и глупост, а воедно и жалење за погрешната перцепција на реалноста, или, пак, за нивното ропство на „лордовите од „Комуњарец“, кои бескрупулозно ги фрлиле своите демонски мрежи врз овие збунети и уплашени мизерници во секој поглед, пред сѐ, во оној, кој се однесува на моралот.

Значи, во логорот на смрдеата опозиционерите веќе се легитимираа како небањати, но во најновите епизоди од нивните безумни и нималку достоинствени демонстраци, овие небањати инструменти на светската плутократија, каков што е „Суруш“, на пример, почнаа да го гнасат и јавниот простор, фрлајќи боја по спомениците и јавните архитектонски објекти.

Така тие ја споија внатрешната или персоналната гнасотија со онаа, што почнаа да ја создаваат во однос на јавниот простор.

Прво се легитимираа како небањати персони, а, потоа, при најновите настани, почнаа таа небањатост да ја шират насекаде околку себе.

И сето ова го нарекоа „Шарена револуција“, но судејќи по нивната ниска култура и по нивните анимални испади, повеќе, на ова небулозно дејание, би му одговарало името – „Фекална револуција“.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top