| четврток, 6 декември 2018 |

Јени раки или Ајран- тешка дебата во Турција

erdoganНе е пиво, ниту ракија, ајранот е националниот турски пијалок! Оваа изјава на премиерот Ердоган за безалкохолниот освежителен вид на јогурт ја подели јавноста.

Оваа изјава за напивката од јогурт, сол и вода која  често се консумира со месо, Ердоган ја даде на отворањето на симпозиумот во Истанбул за глобална политика за алкохол.

AyranНавидум веселата изјава повторно ги подигна нервите на секуларистите. Опозициските секуларисти тврдат дека оваа влада која има корења во политичкиот ислам, ги поткопува секуларните темели на модерна Турција, а прикаската за алкохолот е само дел од таа политика.

Додека владееле, секуларистите на државен трошок пропагирале пиење алкохол, сметајќи ја ракијата како национален пијалок бидејќи Кемал Ататурк ја пиел и често се фотографирал со чашка в рака. Сега додаваат дека е точно дека ајранот е национален пијалок, но тој се пие во џамиите.

b-drink-0111-p1-haddockЕрдоган сега додава дека не постои начин да се брани пиењето алкохол како стил на живот, кој што не носи ништо добро, напротив носи само штета на општеството.

Дебатата за ајранот или ракијата сега е префрлена на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top