Не е пиво, ниту ракија, ајранот е националниот турски пијалок! Оваа изјава на премиерот Ердоган за безалкохолниот освежителен вид на јогурт ја подели јавноста.
Оваа изјава за напивката од јогурт, сол и вода која често се консумира со месо, Ердоган ја даде на отворањето на симпозиумот во Истанбул за глобална политика за алкохол.
Навидум веселата изјава повторно ги подигна нервите на секуларистите. Опозициските секуларисти тврдат дека оваа влада која има корења во политичкиот ислам, ги поткопува секуларните темели на модерна Турција, а прикаската за алкохолот е само дел од таа политика.
Додека владееле, секуларистите на државен трошок пропагирале пиење алкохол, сметајќи ја ракијата како национален пијалок бидејќи Кемал Ататурк ја пиел и често се фотографирал со чашка в рака. Сега додаваат дека е точно дека ајранот е национален пијалок, но тој се пие во џамиите.
Ердоган сега додава дека не постои начин да се брани пиењето алкохол како стил на живот, кој што не носи ништо добро, напротив носи само штета на општеството.
Дебатата за ајранот или ракијата сега е префрлена на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Ердоган: Им дадовме снимки за убиството на Кагоши
-
Моќен пијалак што штити од болести: Ракијата ги лекува овие 10 здравствени проблеми!


