| четврток, 6 декември 2018 |

Чавков ги врати професионалните началници во МВР

мвр

По хаосот создаден од техничкиот министер Оливер Спасовски, со враќањето на Митко Чавков на чело на Министерството за внатрешни работи, вратени се и професионалците на своите работни места.

Всушност имплементирана е одлуката на владата која не беше испочитувана од претходникот на Генералниот секретар на СДСМ, Спасовски.

Министерот Чавков за Република потврди дека на работните места се вратени сите началници на Секторите за внатрешни работи, и тоа во Скопје, Куманово, Велес, Охрид и во Битола, како и командантот на специјалната единица „Алфи“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top