| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против М.Н. (61) од Скопје, поради објава на коментар на социјалната мрежа Фејсбук со која се предизвикува загрозување на сигурноста на Претседателот на Владата на Република Македонија, односно поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност” и по чл.394-г „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем” од Кривичниот законик на Република Македонија.
Како што соопшти МВР, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР во соработка со СВР Велес, му достави покана за службен разговор на лицето М.Н. (61) од Скопје, а по издадена наредба од Основен Суд Скопје 1 Скопје, на 22.10.2018 година извршен е претрес на дом и други простории кај лицето М.Н. при што се пронајдени и одземени предмети во интерес на истрагата.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, како што наведува МВР, и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top