По хаосот создаден од техничкиот министер Оливер Спасовски, со враќањето на Митко Чавков на чело на Министерството за внатрешни работи, вратени се и професионалците на своите работни места.
Всушност имплементирана е одлуката на владата која не беше испочитувана од претходникот на Генералниот секретар на СДСМ, Спасовски.
Министерот Чавков за Република потврди дека на работните места се вратени сите началници на Секторите за внатрешни работи, и тоа во Скопје, Куманово, Велес, Охрид и во Битола, како и командантот на специјалната единица „Алфи“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?