| четврток, 6 декември 2018 |

Погба е скромен: Сѐ уште немам освоено голем трофеј

Пол Погба повторно имаше извонредна сезона во дресот на Јувентус, со што потврди дека е еден од најдобрите играчи за врска на денешницата. За францускиот репрезентативец неслучајно се интересираат бројни европски гиганти, но тој останува скромен, свесен дека најголемите предизвици во неговата кариера допрва претстојат.

– Не мислам дека сум голем играч бидејќи немам направено ништо посебно во фудбалот. Точно е, освоив неколку скудета, но уште немам трофеј во Лигата на шампионите или, пак, од светските или европските првенства. Тоа е она што ги прави играчите големи и јас го сакам токму тоа. Освојување на ЕП 2016 во Франција не би бил лош почеток, но јас сакам да работам напорно, да освојам сѐ што може да се освои – изјави Погба.

Челси и Манчестер сити се клубовите што се најзагреани за францускиот ас, кој има и понуда за нов договор со Јувентус на која сѐ уште нема одговорено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top