| четврток, 6 декември 2018 |

Професор д-р Ѓорчев: Бремени жени болни од астма може да родат здрави деца

Има­ме мно­гу бре­ме­ни же­ни бол­ни од аст­ма кои ро­ди­ле две, три, па ду­ри и че­ти­ри де­ца. Се се­ќа­вам на ед­на па­ци­ен­тка, Ма­ри­ја, ко­ја, иа­ко бе­ше бол­на од те­шка фор­ма на аст­ма, ро­ди пет здра­ви де­ца. Но, со кон­тро­ла на бо­ле­ста, ако при­ма со­од­вет­ни ле­ко­ви во оп­ти­мал­ни до­зи, то­гаш не­ма проб­ле­ми, ве­ли про­фе­со­рот Ѓор­чев

Аст­ма­та е ед­на од нај­че­сти­те хро­нич­ни бо­ле­сти во све­тот и по­ве­ќе од 330 ми­ли­о­ни лу­ѓе ши­рум све­тот има­ат аст­ма. На гло­бал­но ни­во, таа е то­вар за оп­штес­тво­то би­деј­ќи го­диш­но има по­ве­ќе од 500 ил­ја­ди хос­пи­та­ли­зи­ра­ни па­ци­ен­ти, а по­ло­ви­на од нив уми­ра­ат. Во Ма­ке­до­ни­ја ре­чи­си три де­це­нии не­ма смр­тен слу­чај од аст­ма. Пред 100 и по­ве­ќе го­ди­ни со­стој­ба­та на аст­ма­та се де­фи­ни­ра­ла со син­таг­ма­та „аст­ма­ти­ча­ри­те гу­шеј­ќи се, оста­ру­ва­ат“. Таа син­таг­ма де­нес јас ја ме­ну­вам во „аст­ма­ти­ча­ри­те жи­ве­еј­ќи нор­мал­но, до­жи­ву­ва­ат дла­бо­ка ста­рост“, ве­ли про­фе­сор д-р Ан­гел­ко Ѓор­чев, на­ци­о­на­лен ко­ор­ди­на­тор за аст­ма од Кли­ни­ка­та за пул­мо­ло­ги­ја и алер­го­ло­ги­ја.

 

Angelko-Gjorcev-dr2 (Custom)

Аст­ма­та е ед­на од нај­че­сти­те хро­нич­ни бо­ле­сти во све­тот и по­ве­ќе од 330 ми­ли­о­ни лу­ѓе ши­рум све­тот има­ат аст­ма

 

Мо­то­то на го­ди­наш­ни­от Свет­ски ден на аст­ма­та е „Вие мо­же да ја кон­тро­ли­ра­те аст­ма­та“. Ка­ко се кон­тро­ли­ра ед­на од нај­че­сти­те хро­нич­ни бо­ле­сти?

ЃОР­ЧЕВ: Де­неш­ни­от сте­пен на раз­вој на на­уч­на­та мис­ла во ле­ку­ва­ње­то на аст­ма­та не по­драз­би­ра из­ле­ку­ва­ње, ту­ку кон­тро­ли­ра­ње на ед­на дол­го­го­диш­на хро­нич­на бо­лест ко­ја за­поч­ну­ва уште во дет­ство­то. Тоа по­драз­би­ра еден си­стем мер­ки кои овоз­мо­жу­ва­ат да се до­стиг­не тој те­ра­пи­ски иде­ал кај бол­ни­те од аст­ма што се на­ре­ку­ва це­лос­на кон­тро­ла на бо­ле­ста, ко­ја се до­стиг­ну­ва то­гаш ко­га па­ци­ен­тот не­ма ни­ка­кви симп­то­ми, ни­ка­ков на­од при слу­ша­ње на бе­ли­те дро­бо­ви и нор­мал­на бе­ло­дроб­на функ­ци­ја. Тоа се три­те глав­ни це­ли што тре­ба да се до­стиг­нат во кон­тро­ла­та на аст­ма­тич­на­та бо­лест. Во тие це­ли што тре­ба да се до­стиг­нат се по­драз­би­ра и нор­мал­на фи­зич­ка актив­ност. Во све­тот се­ко­ја го­ди­на се од­бе­ле­жу­ва Свет­ски­от ден на аст­ма­та и прет­ста­ву­ва до­бра мож­ност за про­мо­ци­ја на на­ци­о­нал­ни­те ан­ти­аст­ма­тич­ни кам­па­њи. Во Ма­ке­до­ни­ја ние го за­поч­нав­ме тоа мно­гу одам­на, уште во 80-тите го­ди­ни, та­ка што сме да­ле­ку пред мно­гу зем­ји. Во гло­бал­на­та ини­ци­ја­ти­ва за да­ва­ње се­вкуп­на гри­жа за бол­ни­те од аст­ма, Ма­ке­до­ни­ја е во са­ми­от врв на таа ини­ци­ја­ти­ва и е при­мер не са­мо за ре­ги­о­нот, ту­ку е при­мер и во свет­ски рам­ки за тоа ка­ко е ор­га­ни­зи­ра­на таа служ­ба ко­ја е во ин­те­рес на па­ци­ен­ти­те и која  овоз­мо­жу­ва оп­ти­мал­на гри­жа за овие бол­ни.

 

Од ко­ја го­ди­на се ле­ку­ва аст­ма­та?

ЃОР­ЧЕВ: Аст­ма­та, пра­ктич­но, се ле­ку­ва од са­мо­то ра­ѓа­ње и пред тоа, во те­кот на бре­ме­но­ста, за­тоа што во свет­ски­те пре­по­ра­ки по­сто­јат пре­вен­тив­ни мер­ки кои тре­ба да ги при­ме­ну­ва ед­на же­на бол­на од аст­ма ко­ја е бре­ме­на за да мо­же да ро­ди здра­во бе­бе. Гри­жа­та за бре­ме­ни­те же­ни бол­ни од аст­ма за­поч­ну­ва уште со са­мо­то по­ро­ду­ва­ње. По­сто­јат на­со­ки што смее, а што не смее да ја­де, ка­ко да ја кон­тро­ли­ра сво­ја­та бо­лест, кол­ку че­сто да оди на ги­не­ко­ло­шка и на пул­мо­ло­шка кон­тро­ла, кои ле­ко­ви се доз­во­ле­ни во бре­ме­но­ста. Пре­вен­ци­ја­та на аст­ма­тич­на­та бо­лест поч­ну­ва уште „ин­тра­у­те­ри­но“ и со са­мо­то ра­ѓа­ње. Во ма­ке­дон­ска­та на­ци­о­нал­на про­гра­ма ние има­ме на­бе­ле­жа­но мер­ки што до­кто­рот тре­ба да ги пре­зе­ме во те­кот на бре­ме­но­ста, пред по­ро­ду­ва­ње­то и по по­ро­ду­ва­ње­то. За­ра­ди та­кви­от при­стап ние има­ме мно­гу бре­ме­ни же­ни бол­ни од аст­ма кои ро­ди­ле две, три, па ду­ри и че­ти­ри де­ца. Се се­ќа­вам на ед­на па­ци­ен­тка, Ма­ри­ја, ко­ја иа­ко бе­ше бол­на од те­шка фор­ма на аст­ма, ро­ди пет здра­ви де­ца. Но, со кон­тро­ла на бо­ле­ста, ако при­ма со­од­вет­ни ле­ко­ви во оп­ти­мал­ни до­зи, то­гаш не­ма проб­ле­ми.

 

Angelko-Gjorcev-dr3 (Custom)

Пре­вен­ци­ја­та на аст­ма­тич­на­та бо­лест поч­ну­ва уште „ин­тра­у­те­ри­но“ и со са­мо­то ра­ѓа­ње

 

По што се раз­ли­ку­ва аст­ма­та во дет­ска­та во­зраст од таа во повозрасна до­ба?

ЃОР­ЧЕВ: Дет­ска­та аст­ма во 95 от­сто од слу­ча­и­те е алер­ги­ска аст­ма. Аст­ма­та кај во­зрас­ни­те во по­го­лем дел е не­а­лер­гич­на, не­а­то­пич­на бо­лест, ка­де што не се откри­ва ин­кри­ми­ни­ран алер­ген. Алер­ги­ска­та аст­ма има по­дра­ма­ти­чен тек, но по­лес­но се ле­ку­ва, а кај не­а­лер­гич­на­та аст­ма ле­ку­ва­ње­то е, исто та­ка, слич­но, но си има свои ка­ра­кте­ри­сти­ки. До­зи­те на ле­ко­ви­те што спре­чу­ва­ат да не дој­де до симп­то­ми кај де­ца­та се по­ма­ли. Па­ле­та­та на ле­ко­ви мо­ра да би­де до­бро од­ме­ре­на за­ра­ди во­зра­ста на па­ци­ен­тот. Ако да­де­ме го­ле­ми до­зи на одре­де­ни ле­ко­ви кај де­ца­та, тоа мо­же да има одре­де­ни ре­пер­ку­сии.

 

Да­ли на­па­ди­те мо­же да би­дат пре­диз­ви­ка­ни од алер­ги­ја на хра­на?

ЃОР­ЧЕВ: Да. Но, тоа не зна­чи де­ка ед­на ато­пич­на ин­ди­ви­дуа или ли­це кое е скло­но на алер­гии, а скло­ни на алер­гии се 50 от­сто од свет­ска­та по­пу­ла­ци­ја, за­бо­лу­ва од алер­гич­ни бо­ле­сти во за­вис­ност од тоа ка­де тие се ма­ни­фе­сти­ра­ат – на ко­жа­та или, пак, на рес­пи­ра­тор­ни­от или на ди­ге­стив­ни­от си­стем. Алер­ги­ја­та е, всуш­ност, ре­ак­ци­ја на ор­га­низ­мот на агре­си­ја на око­ли­на­та. Таа агре­си­ја е пер­ма­нент­на, по­себ­но во пос­лед­ни­от век. Ко­га има­ме внес на одре­де­на хра­на во ди­ге­стив­ни­от тракт и ако таа од одре­де­ни при­чи­ни не се ди­ге­сти­ра до­бро, или ако има ка­ме­ња во жолч­ка­та, тоа мо­же да би­де пот­тик­ну­вач на ед­на аст­ма на ди­стан­ца.

 

Ка­ко се кла­си­фи­ци­ра­ат и ка­ко се ма­ни­фе­сти­ра­ат на­па­ди­те?

ЃОР­ЧЕВ: Аст­ма­та е ениг­мат­ска бо­лест, за­тоа што уште не е поз­на­та при­чи­на­та за неј­зи­но­то на­ста­ну­ва­ње. До­ми­нант­на те­о­ри­ја е де­ка мо­ра да по­стои ге­нет­ска зад­ни­на ато­пи­ја во се­мејс­тво­то. Сѐ по­ве­ќе се раз­мис­лу­ва за аст­ма­та ка­ко нас­лед­на бо­лест и во ин­те­рак­ци­ја со агре­си­ја­та од око­ли­на­та до­а­ѓа до кли­нич­ка екс­пре­си­ја на аст­ма­та. Има сè по­ве­ќе до­ка­зи за тоа де­ка има про­ме­ни и де­фе­кти на одре­де­ни хро­мо­зо­ми, на одре­де­ни ге­ни. Тие се ло­ци­ра­ни и во све­тот се ра­бо­ти на тоа. Во на­уч­ни­от свет по­стои ед­на љу­бо­пит­на воз­бу­да што ќе се слу­чи на пла­нот на раз­јас­ну­ва­ње на таа го­ле­ма ениг­ма или мит што се на­ре­ку­ва аст­ма. Оваа бо­лест има ил­ја­да ли­ца и се ма­ни­фе­сти­ра на нај­раз­лич­ни на­чи­ни. Се­кој па­ци­ент има сво­ја аст­ма, свои симп­то­ми, свое вре­ме на по­ја­ву­ва­ње, сво­ја те­жи­на на бо­ле­ста. За оваа бо­лест е по­треб­но ин­тер­дис­цип­ли­нар­но зна­е­ње за да мо­же да се ди­зај­ни­ра оп­ти­ма­лен те­ра­пи­ски план кај се­кој по­е­ди­не­чен па­ци­ент. Кај бол­ни­те пр­во се ја­ву­ва ед­на та­ка на­ре­че­на ау­ра, ко­ја по­драз­би­ра гре­бе­ње во гр­ло­то. По­тоа се ја­ву­ва каш­ли­ца, пр­во пос­ла­ба, а по­тоа сѐ по­сил­на, ин­тен­зив­на и не­за­пир­ли­ва и во тој пер­и­од ако искаш­ла еден густ леп­лив се­крет па­ци­ен­тот ќе се сми­ри. Ако не искаш­ла, про­дол­жу­ва со „сви­ре­ње“ во гра­ди­те. По­стои лес­на, сред­на и те­шка фор­ма на аст­ма со одре­де­ни свои функ­ци­о­нал­ни ка­ра­кте­ри­сти­ки по кои се пре­поз­на­ва бо­ле­ста. Аст­ма­та е и ат­мо­сфер­ска бо­лест би­деј­ќи при про­ме­на на вре­ме­то, симп­то­ми­те се ин­тен­зи­ви­ра­ат, осо­бе­но ако е влаж­но вре­ме­то. Ако кај оние па­ци­ен­ти што има­ат ноќ­ни на­па­ди кои уште се на­ре­ку­ва­ат и не­на­деј­но ка­та­стро­фал­ни, пад­не функ­ци­ја­та за по­ве­ќе од 50 от­сто, тие  се кан­ди­да­ти за не­на­деј­на смрт во ра­ни­те утрин­ски ча­со­ви.

 

Angelko-Gjorcev-dr4 (Custom)

 

Ма­ке­до­ни­ја, по САД и по Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја има на­ци­о­нал­на про­гра­ма за ди­јаг­но­сти­ци­ра­ње и за ле­ку­ва­ње на аст­ма­та. Мо­же ли да ни ка­же­те не­што по­ве­ќе за тоа?

ЃОР­ЧЕВ: На­ви­сти­на е за­до­волс­тво се­га, по тол­ку го­ди­ни, да кон­ста­ти­ра­ме де­ка ние пр­ви во све­тот го сфа­тив­ме зна­че­ње­то на уни­фи­ци­ра­ни ди­јаг­но­стич­ки и те­ра­пи­ски мо­да­ли­те­ти. Пр­ва­та на­ци­о­нал­на про­гра­ма и план бе­ше ина­у­гу­ри­ра­на во Бри­та­ни­ја и во САД и јас вра­ќај­ќи се от­та­му имав мож­ност да при­сус­тву­вам на ина­у­гу­ра­ци­ја­та на овие про­гра­ми и си да­дов за­да­ча да го на­пи­шам пр­ви­от ма­ке­дон­ски на­ци­о­на­лен кон­сен­зус за ди­јаг­но­за и за ле­ку­ва­ње на аст­ма во Ма­ке­до­ни­ја. Пр­ва­та кни­га, ко­ја бе­ше под­го­то­вка за на­ци­о­нал­ни­от кон­сен­зус, со­др­же­ше обу­ки за до­кто­ри­те. Тоа бе­ше мо­но­гра­фи­ја ко­ја прет­ста­ву­ва­ше во­вед во на­ци­о­нал­ни­от кон­сен­зус и на тој на­чин „за­ра­зив­ме“ це­ла ге­не­ра­ци­ја до­кто­ри да се за­ни­ма­ва­ат со оваа проб­ле­ма­ти­ка. По­тоа се отво­ри пр­ви­от цен­тар за аст­ма на Кли­ни­ка­та за пул­мо­ло­ги­ја, ка­де што на па­ци­ен­тот му се пра­ват си­те ди­јаг­но­стич­ки те­сто­ви и до­би­ва еду­ка­ци­ја, ка­де што се де­мон­стри­ра ин­ха­ла­ци­ска тех­ни­ка. Де­нес има­ме 20 ре­ги­о­нал­ни цен­три за аст­ма низ Ма­ке­до­ни­ја, не­ма тро­шо­ци кои по­ра­но ги пра­веа па­ци­ен­ти­те за да дој­дат во Скоп­је на прег­лед. По по­ве­ќе од 20 го­ди­ни со гор­дост мо­же да ка­же­ме де­ка не­ма­ме смр­тен слу­чај од аст­ма за­тоа што во таа стра­те­ги­ја нај­важ­но е па­ци­ен­тот да би­де до­бро еду­ци­ран и да се ин­си­сти­ра да зе­ма пре­вен­ти­вен трет­ман што ќе спре­чи да не до­а­ѓа до на­па­ди, до кли­нич­ка ма­ни­фе­ста­ци­ја, да не­ма симп­то­ми и да има нор­мал­на бе­ло­дроб­на функ­ци­ја и жи­вот до­сто­ен за чо­ве­кот. Пред 100 и по­ве­ќе го­ди­ни со­стој­ба­та на аст­ма­та се де­фи­ни­ра­ла со син­таг­ма­та „аст­ма­ти­ча­ри­те гу­шеј­ќи се, оста­ру­ва­ат“. Оваа де­фи­ни­ци­ја де­нес ја ме­ну­вам во „аст­ма­ти­ча­ри­те жи­ве­еј­ќи нор­мал­но, до­жи­ву­ва­ат дла­бо­ка ста­рост“, а тоа го по­ткре­пу­вам со мо­и­те де­се­ти­на и по­ве­ќе па­ци­ен­ти кои наб­ли­жу­ва­ат кон де­вет­та­та и кон де­сет­та­та де­це­ни­ја од сво­јот жи­вот.

 

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска
Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top