Ирската пејачка Шинејд О’Конор исчезна од „фејсбук“ откако стави неколку вознемирувачки постови. Еден од нив гласеше „Молете се да умрам“.
Официјалната страна на пејачката на „фејсбук“ не е достапна, но не се знае дали Шинејд сама ја избришала или ја избришале официјалните лица од оваа социјална мрежа.
Минатата година „фејсбук“ привремено ја отстрани нејзината објава за обидот за предозирање.
Само неколку часа откако медиумите објавија дека О’Конор исчезна и дека е можеби склона кон самоубиство, полицијата во Чикаго ја најде жива и безбедна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.