| четврток, 6 декември 2018 |

Последната порака пред да исчезне – сите се загрижени за Шинед О’Конор

Полицијата на Вилмет, Илиноис, е во потрага по ирската пејачка Шинед О’Конор, која последен пат е видена во неделата, кога тргнала да се вози на својот велосипед во кожени пантолони, дуксерка и црна јакна со качулка.

Ова не е прв инцидент со пејачката, која во ноември објави пост на „Фејсбук“, кој многумина го протолкуваа како проштален. Таа сепак, беше пронајдена жива, но доби и медицинска нега по овој инцидент.

Само неколку часа пред да исчезне, О’Конор на „Фејсбук“ објавила нова порака, веројатно упатена кон нејзиниот најстар син Џејк Рејнолдс.

– Џејк, оди на суд во вторник и земи го старателството над твојот брат од Тусла. Мојот адвокат ќе обезбеди нелегален пат за ти и Донал да дојдете до него во Тусла (лажејќи ја полицијата и сл.), со што судејата е запознаен. Очекувајте неволја. Всушност, понесете ваш адвокат. И никогаш повеќе не го напуштај брат ти или било кое од моите бебиња. Она што му го направи на твојот брат и мајка ти БУКВАЛНО е криминал – напиша таа на „Фејсбук“.

343F282600000578-3593224-image-a-67_1463414738936

Минатата година пејачката се жалеше дека нејзиниот постар син со девојка му ја довел до очај со својата суровост. Донал, споменат во текстот, најверојатно е музичарот Донал Лани, татко на нејзиниот 12-годишен син Шејн. Тусла, пак, е агенција за згрижување на деца во Ирска, каде ѓто во моментот е сместен Шејн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top