| четврток, 6 декември 2018 |

Проштално писмо од Шинед О’Конор

gettyimages-175976852_640x320jpg

Шинед О’Конор преку „Фејсбук“ порача дека на 48-годишна возраст реши да стави крај на својот живот. Пејачката напиша дека е во хотел „некаде во Ирска“ , каде што земала смртоносна доза лекови. За самоубиството го обвинува семејството, пишува ТМЗ.

„Зедов смртоносна доза. Нема друг начин да постигнам почит. Плачев со недели. А тие ми одговараа да си одам. Моето семејство не ме цени“ напишала О’Конор.

Подоцна ТМЗ објави дека полицијата успеала да ја открие пејачката жива и без опасност по животот некаде во Даблин и да ја предаде за натамошно следење на медицинските лица.

Сè уште не се знае дали таа навистина посегнала по својот живот.

Во јули 2015 година Шинед ја прекина летната турнеја поради болест. Зад себе има три пропаднати брака и четири деца меѓу девет и 28 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top