| четврток, 6 декември 2018 |

Исчезна Шинед О’Конор – пејачката имаше самоубиствени нагони

Веќе 24 часа нема траг од ирската пејачка Шинед О’Конор, која за последен пат била видена вчера наутро во предградие на градот. О’Конор со велосипед го напуштила домот и оттогаш не е видена, пренесува „Би-Би-Си“. Полицијата од Вилмет соопшти дека има потрага по 49-годишната пејачка, откако таа не се вратила дома по возењето со велосипед.

Полицијата соопшти дека постојат основи за сомневање дека таа е во опасност и дека можеби планира самоубиство. Исчезнувањето го пријавиле некои од нејзините пријатели, односно роднини.

Минатата недела нејзиното име повторно беше актуелно бидејќи го обвини комичарот Арсенио Хол дека со дрога го снабдувал Принц, кој почина минатиот месец. Арсенио тоа го демантираше и најави тужба за ексцентричната ирска пејачка, мајка на четири деца и баба на едно внуче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top