Oпструирање на работата на училиштата каде се уште не инсталирал раководство од партиските структури сеуште е една од задачите на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.
По полициските упади и девалвирањето на работата на “11 Октомври“, “Коле Неделковски“ и најстарото основно училиште во државата “Кирил и Методиј“, речиси идентично сценарио за поставување на партиска испостава се обидува да спроведе и во основното училиште “Димитар Миладинов“, каде во тек е оглас за избор на ново раководство, пишува порталот Денешен.
-И овој пат, силен е притисокот врз членовите на највисокиот управен орган, училишниот одбор, кои неодамна спровеле постапка за избор на директор и согласно законските процедури до градоначалникот доставиле 2 предлози, од вкупно пријавените тројца кандидати. Сепак членовите на одборот кои се претставници на општината и се инфилтрирани од Жерновски, незадоволни од тоа што биле надгласани, ја оспориле постапката, притоа немајќи објаснување за тоа, кои одредби од законите се прекршени. Нивните тврдење, кои на денешната вонредна седница на општинскиот совет ги изнеле советниците кои застапуваат, оделе до таму дека дел од нив никогаш не гласале за некој од пријавените кандидати за директор, а всушност со дописот кој го пратиле до општина Центар, потврдуваат дека гласале, пишува Денешен.
Во меѓувреме, рејтингот на некогашните елитни училишта опаѓа, исто како и интересот за упис на нови генерации. Жителите на Центар велат „страшно е ова што се случува во центарските училишта во последните 3 години“. На Жерновски му порачуваат конечно да се вразуми. Политиката не смее да биде ставена пред образованието на најмладите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Жерновски: Чудна правда, Тасевски стана директор на БЈБ на денот кога им се суди на обвинетите од 27 април
-
Андреј Жерновски влезе во Владата: Ова се новите заменици-министри!
-
Жерновски нов заменик-министер за надворешни работи
-
ВМРО-ДПМНЕ: Заев вети дека нема да го блокираат референдумот за доселување на мигрантите или сепак тоа се покажа како уште една голема невистина?