| четврток, 6 декември 2018 |

Синиша Михајловиќ си најде нова работа, останува во Италија

sinisa mihajlovic

Синиша Михајловиќ пред повеќе од еден месец доби отказ од Милан, но слабата работа на неговиот наследник Кристијан Броки дополнително ја крена цената на српскиот стратег. Лацио покажа сеирозен интерес за да го доведе Михајловиќ на својата клупа, но весникот „Тутоспорт“ обелодени дека Торино ќе биде следната дестинација на овој стратег.

Тој веќе имал средба со челниците на Торино, при што ја прифатил нивната понуда за двогодишна соработка за плата од 1,5 милиони евра по сезона, со можност соработката да се продолжи до 2019 година. Михајловиќ на клупата на „торинезите“ ќе го наследи Вентура, кој по ЕВРО 2016 ќе стане нов селектор на италијанскиот национален тим.

За официјализација на овој трансфер неопходно е уште Синиша Михајловиќ да се договори со Милан околу раскинот на договорот со овој клуб, кој се уште не е официјализиран бидејќи во тек се преговорите за отштетата што треба да му биде платена на Србинот за предвремениот прекин на соработката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top