По пауза од девет години македонскиот поп-пејач Роберт Вукелиќ денеска ја промовираше неговата најнова песна насловена „Време и невреме “, за која е снимен и видеоспот.
Музиката и аранжманот се дело на Ристо Апостолов, а текстот го има напишано самиот Роберт Вукелиќ. Спотот за песната е снимен во Скопје , во продукција на „ДЕОСОЛ ДООЕЛ “ режија и монтажа.
Вукелиќ вели дека песната е со добра порака, како и дека се надева дека ќе и се допадне и на помладата и на повозрасната публика.
– Верувам дека после толку време и пауза ќе дадам нешто свое и поразлично. Не се доживувам како пејач, за мене музиката е уметност, а секој кој сака да постигне вистински успех треба да е уметник и да биде свој. Тоа е мојот став, иако се разбира е субјективно моето мислење – вели Вукелиќ.
Тој вели дека идејата за песната датира од поодамна, но додава дека на неа е работено со голема внимателност.
– Идејата за оваа песна е од поодамна, иако полека ја работевме. Мислам дека сега е вистинскиот момент за неа, пред летото. Сите мои чувства пеејќи ја оваа песна се искрени. Песната е приказна за двајца вљубени, за две личности кои се борат и сакаат. Верувам дека е со добра порака баш во овој период и време кај нас и очекувам дека и на помладите и на постарите ќе им се допадне – вели Роберт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)