| четврток, 6 декември 2018 |

По девет години нова песна на Роберт Вукелиќ (ВИДЕО)

По пауза од девет години македонскиот поп-пејач Роберт Вукелиќ денеска ја промовираше неговата најнова песна насловена „Време и невреме “, за која е снимен и видеоспот.

Музиката и аранжманот се дело на Ристо Апостолов, а текстот го има напишано самиот Роберт Вукелиќ. Спотот за песната е снимен во Скопје , во продукција на „ДЕОСОЛ ДООЕЛ “ режија и монтажа.

Вукелиќ вели дека песната е со добра порака, како и дека се надева дека ќе и се допадне и на помладата и на повозрасната публика.

– Верувам дека после толку време и пауза ќе дадам нешто свое и поразлично. Не се доживувам како пејач, за мене музиката е уметност, а секој кој сака да постигне вистински успех треба да е уметник и да биде свој. Тоа е мојот став, иако се разбира е субјективно моето мислење – вели Вукелиќ.

Тој вели дека идејата за песната датира од поодамна, но додава дека на неа е работено со голема внимателност.

– Идејата за оваа песна е од поодамна, иако полека ја работевме. Мислам дека сега е вистинскиот момент за неа, пред летото. Сите мои чувства пеејќи ја оваа песна се искрени. Песната е приказна за двајца вљубени, за две личности кои се борат и сакаат. Верувам дека е со добра порака баш во овој период и време кај нас и очекувам дека и на помладите и на постарите ќе им се допадне – вели Роберт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top