| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија – исчезна египетски патнички авион со 66 патници

авион

Патнички авион на компанијата „Eџипт eр“ со 66 патници и членови на екипажот минатата ноќ исчезна од радарите додека се наоѓал над териториите на Грција или Турција.

Авионот од типот „eрбас А320“ синоќа во 23.09 часот полетал од Париз на редовен лет кон Каиро, по што исчезнал од радарите додека се наоѓал во северниот дел на источниот Медитеран.

Засега има противречни информации околу местото на исчезнување на авионот. Според телевиизјата „Ал Арабија“, пилотот на авионот последно бил во контакт со контролата на летање во Атина, додека според египетскиот сајт „Ал Јаум ал Сабија“, неговиот последен контакт бил со турски диспечери.

Некои медими јавија дека пред исчезнувањето на леталото членовите на екипажот алармирале за појава на чад од под пилотската кабина на леталото, но засега нема потврда за ваквите информации.

Во време на исчезнувањето, авионот се наоѓал на височина од 11.000 метри.

Компанијата „Еџипт ер“ го потврди исчезнувањето на авионот на својот официјален налог на „Твитер“, посочувајќи дека во леталото имало 56 патници и 10 членови на екипажот, но не даде други детали за инцидентот.

Египетското Воено воздухопловство утрово соопшти дека негови авиони почнале потрага по исчезнатиот „ербас“, посочувајќи дека тој најверојатно се урнал во водите на Средоземно Море.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top