Инспекторите ја сослушале Милка, а сега работат на утврдување колку бил сериозен нивниот судир. Тие исто така проверуваат и колку нивниот лош однос би можел да има врска со суровото злосторство.
-Еден од сведоците близок на семејството Марјановиќ ни рече да провериме во какви односи биле Јелена и јатрва и Милка. Ни напомена дека меѓу нив имало многу зла крв и дека се работи за заплеткани семејни односи во кои наводно се вклучени и нивните мажи, браќата Зоран и Милош- вели соговорник од истрагата за Инфромер.
Во меѓувреме уште некои луѓе од Борча, но и пријатели на семејството Марјановиќ, укажале дека сопругите на браќата Марјановиќ не се поднесувале.
-Јелена, непосредно пред да биде убиена, често се жалеше на сопругата на деверот Милош. Буквално ми рече дека не може веќе да живее со Милка во иста куќа и дека и е јасно дека таа има нешто против неа. Кога ја прашав да ми појасни за што се работи, само одмавна со раката и рече:Батали, ќе ти кажам, сега не е време!Набрзо после тоа беше убиена и никогаш не стигна да ми каже зошто често се карала со јатрвата.- рекла другарката на Јелена.
Другарка и се осврнала и на приказните кои се шират по Борча дека Милка била љубоморна на Јелена бидејќи се сомневала дека постои нешто меѓу неа и нејзиниот сопруг Милош.
-Се појави трач во Борча дека Милка ја обвинувала Јелена дека има нешто со нејзиниот маж. Знам и за приказната дека нивните односи во семејството, пред се мислам на емотивните, биле многу комплицирани и невообичаени. Меѓутоа самата Јелена никогаш не спомнувала нешто слично- рекла таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќе го заменам Душко со помлад: Јелена Карлеуша проговори за кризата на средни години!
-
Реши да го сруши интернетот: Карлеуша ја покажа совршената линија
-
Невиден пресврт: Дедото на Јелена Ѓоковиќ го грабнале соседи?
-
Душко годишно ќе заработува 5,8 милиони па ја честеше жената: Јелена Карлеуша купува авион од 2 милиони евра!