| четврток, 6 декември 2018 |

Јатрвата на Јелена под лупа на инспекторите – полицијата го истражува нивниот однос

јелена
 Јатрвата на убиената Јелена Марјановиќ, Милка Марјановиќ е под истрага бидејќи била во лоши односи со брутално убиената пејачка, пишува Информер.
Имено пејачката пред смртта се пожалила на блиска пријателка дека веќе не може да го издржи животот под ист покрив со неа, но не кажала зошто.

Инспекторите ја сослушале Милка, а сега работат на утврдување колку бил сериозен нивниот судир. Тие исто така проверуваат и колку нивниот лош однос би можел да има врска со суровото злосторство.

јелена2

-Еден од сведоците близок на семејството Марјановиќ ни рече да провериме во какви односи биле Јелена и јатрва и Милка. Ни напомена дека меѓу нив имало многу зла крв и дека се работи за заплеткани семејни односи во кои наводно се вклучени и нивните мажи, браќата Зоран и Милош- вели соговорник од истрагата за Инфромер.

Во меѓувреме уште некои луѓе од Борча, но и пријатели на семејството Марјановиќ, укажале дека сопругите на браќата Марјановиќ не се поднесувале.

-Јелена, непосредно пред да биде убиена, често се жалеше на сопругата на деверот Милош. Буквално ми рече дека не може веќе да живее со Милка во иста куќа и дека и е јасно дека таа има нешто против неа. Кога ја прашав да ми појасни за што се работи, само одмавна со раката и рече:Батали, ќе ти кажам, сега не е време!Набрзо после тоа беше убиена и никогаш не стигна да ми каже зошто често се карала со јатрвата.- рекла другарката на Јелена.

Другарка и се осврнала и на приказните кои се шират по Борча дека Милка била љубоморна на Јелена бидејќи се сомневала дека постои нешто меѓу неа и нејзиниот сопруг Милош.

-Се појави трач во Борча дека Милка ја обвинувала Јелена дека има нешто со нејзиниот маж. Знам и за приказната дека нивните односи во семејството, пред се мислам на емотивните, биле многу комплицирани и невообичаени. Меѓутоа самата Јелена никогаш не спомнувала нешто слично- рекла таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top