Музејот на Македонија ќе ги отвори своите постојани поставки за посетителите без наплатување на билети на 18 Мај, Меѓународниот ден на музеите. – 18 мај, Музејот на Македонија ќе ги отвори своите постојани поставки за посетителите без наплатување на билети. Покрај тоа, на секој посетител во текот на овој ден ќе му биде подарена по една публикација во издание на Музејот, кој ќе биде отворен од 9 до 17 часот.
По истиот повод, Музејот на Македонија ќе реализира и активности во рамките на манифестацијата „Европска ноќ на музеите“. На 21 мај (сабота) 2016 година, во 20.30 часот, ќе биде отворена изложбата „Сакралните објекти и руралната архитектура на Велешкиот регион“.
Изложбата се поставува како гостување од Народен музеј, Велес. На триесет и седум постери презентирано е богатото архитектонско наследство на општините Велес, Чашка и Градско. Со поставувањето на изложбата, Музејот на Македонија се приклучува на илјадниците музеи во Европа, кои ќе ги отворат своите поставки за посетителите во ноќните часови по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на музеите – 18 мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Предавање „Ритамот и звукот на Африка“ во Музеј на Македонија
-
„Африканскиот колонијализам и воајеризам: разликата како спектакл“ – предавање на Илина Јакимовска во Музеј на Македонија
-
Модна ревија во Музеј на Македонија „Made in Macedonia: Почетоци и еволуција“
-
Отворање на изложбата „Духовите на Африка – Ритуална западноафриканска уметност“