Доколку нема Влада сите проекти, патишта, инфраструктура не може да се остварат.
-Во моментов оваа би ја нарекол хибридна влада, бидејќи министрите од опозицијата се во Владата, кои не потпишуваат документи, не се појавуваат на владини седници, а тоа не е функционирање на еден министер, вели министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски во „Кворум“ на РСМ.
Говорејќи за актуелната политичка ситуација вели дека има деструкција, вандализам на улиците, омраза меѓу граѓаните и дека тоа е наметнато и затоа верува дека мора да има избори и да се стави крај.
Мисајловски очекува 5 јуни да покаже дека граѓаните како што вели едвај чекале да запре сценариото на СДСМ и дека веруваат во ВМРО-ДПМНЕ и оти ги подржуваат позитивните политики.
-Доста е безредие, омраза и наметнати сценарија, нагласува Мисајловски.
Граѓаните, потенцира тој мора да кажат што сакаат и како сакаат да живеат. Наскоро според најавите ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави и новата изборна програма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.