Голем ден за македонскиот спорт и фудбал – за првпат во историјата на македонскиот фудбал ФК Вардар има чест официјално да ја отвори Фудбалската академија на ФК Вардар, во која ќе тренираат млади до 14 години и во моментов брои 1200 деца.
Фудбалската академија на Вардар е проект од суштествено значење на клубот и е дел од повеќегодишната развојната програма на менаџментот. Целта е да се создадат млади и надежни фудбалски кадри, од кои еден дел ќе бидат од првата екипа на Вардар, националната селекција на Македонија, но и да се пласираат на европскиот пазар.
Денеска беше поставен и камен-темелникот на помошниот објект, кој ќе ја надополни Фудбалската академија.Тој ќе располага со продавница за сувенири на ФК Вардар, музеј за спортскиот клуб, кантина за релаксација на родителите и подземен паркинг. На локацијата е предвидено соодветно партерно решение со патеки, ознаки, осветлување итн. Осветувањето на објектот го изврши поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан.
Сопственикот на ФК Вардар, Сергеј Самсоненко, упати голема благодарност до оние кои помогнале да се реализира овој проект, особено на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој, како што кажа, од самиот старт дал несебична поддршка.
Самосненко појасни дека има во план и реализација на уште еден проект кој ќе опфати деца од 14 до 18 години, со што би се затворила целата фудбалска инфраструктура на ФК Вардар.
Сакам во многу брзо време низ светот да не се зборува само за Меси или Роналдо, туку да слушнеме и некој чие презиме завршува на “-ски“. Ве поздравувам сите и ќе одиме напред: „Еден живот една љубов“, порача Самсоненко.
Сите услови што ги нуди Академијата одговараат на високите стандарди на професионалните клубови од светски ранг. Академијата на ФК Вардар е подготвена за создавање на врвни фудбалери кои во иднина ќе ги гледаме во ФК Вардар, репрезентацијата на Македонија или во некои големи европски клубови.
Во секторот за младински категории до сега беа реализирани повеќе значајни чекори за да се модернизира клубот . Отворивме 11 регионални центри низ Македонија, се реализира развојна програма за тренажен процес која подоцна беше усогласена со програмата на ФИФА и УЕФА по која работат најеминентните фудбалски клубови низ Европа. Се реализира проектот Вардар јунирор лига, кој има за цел натпреварувачки систем помеѓу нашите регионални единици и центри и генерации, објаснува Ратко Капушевски, проект-менаџер во канцеларијата на Сергеј Самсоненко во Македонија.
Зградата на Академијата е изградена по најсовремени стандарди, а проектот го реализира преку компанијата Балкан груп констракшн. Во првата фаза се потрошени 2,5 милиони евра, а во втората фаза ќе бидат вложени и дополнителни 2 милиони евра.
Објектот се простира на парцела од 14.000 метри квадратни, на која се изградени фудбалско игралиште со професионални стандарди, помошно фудбалско игралиште за деца до 10 години, и објект за управата на ФК Вардар, информативен центар на Фудбалската академија, 4 професионални соблекувални и предавална за теоретска настава, додава Капушевски.
Овој проект е од суштествено значење за националните интереси на Р. Македонија поради фактот што секое детенце кое е член на Фудбалската академија Вардар е 100% потенцијал да стане македонски репрезентативец.
Социјалниот аспект од реализацијата на овој капитален објект е директниот инпут кон развој на спортот и здрави спортски навики кон младите, а исто така овој проект е директна бариера на младите од актуелните пороци на 21 век кои се застапени насекаде на светот па и во Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)