| четврток, 6 декември 2018 |

„Еден живот една љубов“: Вардар испиша историја, отворена Фудбалската академија (ГАЛЕРИЈА)

Голем ден за македонскиот спорт и фудбал – за првпат во историјата на македонскиот фудбал ФК Вардар има чест официјално да ја отвори Фудбалската академија на ФК Вардар, во која ќе тренираат млади до 14 години и во моментов брои 1200 деца.

akademija14-768x493
Фудбалската академија на Вардар е проект од суштествено значење на клубот и е дел од повеќегодишната развојната програма на менаџментот. Целта е да се создадат млади и надежни фудбалски кадри, од кои еден дел ќе бидат од првата екипа на Вардар, националната селекција на Македонија, но и да се пласираат на европскиот пазар.

fk-vardar.jpg11-768x429

Денеска беше поставен и камен-темелникот на помошниот објект, кој ќе ја надополни Фудбалската академија.Тој ќе располага со продавница за сувенири на ФК Вардар, музеј за спортскиот клуб, кантина за релаксација на родителите и подземен паркинг. На локацијата е предвидено соодветно партерно решение со патеки, ознаки, осветлување итн. Осветувањето на објектот го изврши поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан.

fk-vardar.jpg1_-768x419

Сопственикот на ФК Вардар, Сергеј Самсоненко, упати голема благодарност до оние кои помогнале да се реализира овој проект, особено на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој, како што кажа, од самиот старт дал несебична поддршка.

fk-vardar.jpg9_-768x428

Самосненко појасни дека има во план и реализација на уште еден проект кој ќе опфати деца од 14 до 18 години, со што би се затворила целата фудбалска инфраструктура на ФК Вардар.

Сакам во многу брзо време низ светот да не се зборува само за Меси или Роналдо, туку да слушнеме и некој чие презиме завршува на “-ски“. Ве поздравувам сите и ќе одиме напред: „Еден живот една љубов“, порача Самсоненко.

fk-vardar.jpg7_-768x481

Сите услови што ги нуди Академијата одговараат на високите стандарди на професионалните клубови од светски ранг. Академијата на ФК Вардар е подготвена за создавање на врвни фудбалери кои во иднина ќе ги гледаме во ФК Вардар, репрезентацијата на Македонија или во некои големи европски клубови.

Во секторот за младински категории до сега беа реализирани повеќе значајни чекори за да се модернизира клубот . Отворивме 11 регионални центри низ Македонија, се реализира развојна програма за тренажен процес која подоцна беше усогласена со програмата на ФИФА и УЕФА по која работат најеминентните фудбалски клубови низ Европа. Се реализира проектот Вардар јунирор лига, кој има за цел натпреварувачки систем помеѓу нашите регионални единици и центри и генерации, објаснува Ратко Капушевски, проект-менаџер во канцеларијата на Сергеј Самсоненко во Македонија.

fk-vardar.jpg4_-768x502

Зградата на Академијата е изградена по најсовремени стандарди, а проектот го реализира преку компанијата Балкан груп констракшн. Во првата фаза се потрошени 2,5 милиони евра, а во втората фаза ќе бидат вложени и дополнителни 2 милиони евра.

Објектот се простира на парцела од 14.000 метри квадратни, на која се изградени фудбалско игралиште со професионални стандарди, помошно фудбалско игралиште за деца до 10 години, и објект за управата на ФК Вардар, информативен центар на Фудбалската академија, 4 професионални соблекувални и предавална за теоретска настава, додава Капушевски.

fk-vardar.jpg5_-768x415 fk-vardar.jpg6_-768x454

Овој проект е од суштествено значење за националните интереси на Р. Македонија поради фактот што секое детенце кое е член на Фудбалската академија Вардар е 100% потенцијал да стане македонски репрезентативец.

fk-vardar-768x560

Социјалниот аспект од реализацијата на овој капитален објект е директниот инпут кон развој на спортот и здрави спортски навики кон младите, а исто така овој проект е директна бариера на младите од актуелните пороци на 21 век кои се застапени насекаде на светот па и во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top