Енди Мареј го совлада Новак Ѓоковиќ во финалето на Мастерсот во Рим со 2-0. Британскиот тенисер двата сета ги доби идентично со 6:3 во гемови. За Мареј ова беше прв трофеј во главниот град на Италија.
Поголемиот дел од мечот се играше под граница на регуларни услови поради дождот кој паѓаше почнувајќи од третиот гем. Двајцата тенисери побараа прекин, но судијата одлучи дека може да се продолжи со игра.
Мареј одигра одлично и не му дозволи на првиот светски рекет да влезе во ритам. Забележителен беше заморот кај српскиот тенисер, кој зад себе имаше два тешки дуела со Рафаел Надал и Кеи Нишикори.
Во меѓусебните пресметки резултатот сега е 23-10 за Ѓоковиќ.
Следен предизвик за двајцата тенисери е настапот на Грен-слем турнирот „Ролан Гарос“ во Париз.
Во женското финале, американката Серена Вилијамс го освои трофејот на Мастерсот во Рим, откако ја совлада нејзината сонародничка Медисон Киз со 2-0, по сетови 7:6 и 6:3.
Вилијамс ја освои својата јубилејна 70-та во нејзината кариера, а четврта во главниот град на Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.