Ракометарите на Вардар вечерва во Охрид го совладаа Металург во финалето на Купот на Македонија и ја освоија 11-та титула.
Тимот од Автокоманда одлично го почна натпреварот, му пружи отпор на големиот фаворит, но после израмнетите 4-4, „црвено-црните“ тргнаа со посилен ритам и за само неколку минути стигнаа до 13-7. Металург повторно успеа да се врати во игра и да фати резултатски приклучок. Се доближи на 12-10, а на полувреме резултатот беше 16-12.
Во второто полувреме „црвено-црните“ еден период имаа и осум поени предност, а на крајот победија со 31-24.
Најефикасен во победничкиот состав беше Дејан Манасков со седум гола, а кај Металург, со шест погодоци се истакна Марко Матиќ.
Најдобар играч на турнирот (МВП) беше прогласен Алем Тоскиќ од Вардар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.