Во црногорското собрание за малку ќе беше истепан премиерот Мило Ѓукановиќ од страна на пратениците на Демократскиот фронт на Бранко Радуловиќ и Јанко Вучиниќ, кои најпрво го навредуваа и пцуеја премиерот, а потоа навалија на него.
Тепачката ја спречија пратениците и собраниското обезбедување.
Седницата беше прекината кога пратениците на Демократскиот фронт почнаа да извикуваат „Мило, лопове“ кога на говорницата излезе црногорскиот премиер. Ѓукановиќ наместо да ја смири топката, им возврати „Браво, кретени“. Иако потоа беше прогласена пауза, Радуловиќ од месотот на потпретседател на собранието со недолични зоборови почна да го навредува премиерот и да се тегне кон него, а Ѓукановиќ, во мачо амнир, повторно ја предизвика ситуацијата со „Дојди, дојди“. Радуловиќ му врати :„Молчи, идиоту еден“.
Инцидентот траше уште кратко, но пратениците и обезбедувањето успеаја да ја смират ситуацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)