| четврток, 6 декември 2018 |

Тепачка во црногорското собрание: Опозицијата викаше „Мило, лопове“, премиерот провоцираше: „Браво кретени“ (ВИДЕО)

 

Во црногорското собрание за малку ќе беше истепан премиерот Мило Ѓукановиќ од страна на пратениците на Демократскиот фронт на Бранко Радуловиќ и Јанко Вучиниќ, кои најпрво го навредуваа и пцуеја премиерот, а потоа навалија на него.

Тепачката ја спречија пратениците и собраниското обезбедување.

crna gora tepacka

Седницата беше прекината кога пратениците на Демократскиот фронт почнаа да извикуваат „Мило, лопове“ кога на говорницата излезе црногорскиот  премиер. Ѓукановиќ наместо да ја смири топката, им возврати „Браво, кретени“. Иако потоа беше прогласена пауза, Радуловиќ од месотот на потпретседател на собранието со недолични зоборови почна да го навредува премиерот и да се тегне кон него, а Ѓукановиќ, во мачо амнир, повторно ја предизвика ситуацијата со „Дојди, дојди“. Радуловиќ му врати :„Молчи, идиоту еден“.

Инцидентот траше уште кратко, но пратениците и обезбедувањето успеаја да ја смират ситуацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top