Ревијата на брендот „Мустела Ермин“ (Mustela Ermin) вчеравечер означи старт на тридневното модно случување во Музејот на современата уметност во Скопје, на кое ќе се претстават талентите од Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“.
Ира Алексовска која ја потпишува етикетата „Мустела Ермин“ (Mustela Ermin) претстави вкупно 24 креации за сезоната пролет-лето 2016 година.
– Жените на кои им е наменета мојата колекција се бестрашни бидејќи се соочиле со препреки и ги надминале останувајќи непоразени. Имаат самодоверба и не се плашат да привлечат внимание во јавноста носејќи смел, секси, авангареден аутфит – вели Алексовска.
Ревијата е во организација на Моден викенд Скопје, беше поддржана од Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“ и Амбасадата на Р. Франција во Македонија.
Вечерва со почеток од 20,30 часот следува ревијата на „Марков“.
фото: Ани и Дими
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мијата манекенка на Моден викенд Скопје
-
„Алшар“ создаде пролетна колекција за девојки и жени кои се чувстуваат слободно и опуштено
-
Роберт Ивановски и Евгенија Зафировска ќе го отворат 17. Моден викенд, Олгица Ѓоргиева го затвора пролетното издание
-
Моден викенд Скопје завршува вечерва со мултимедијална презентација на Ирина Тошева