| четврток, 6 декември 2018 |

„Мустела Ермин“ ја претстави својата прва колекција

Ревијата на брендот „Мустела Ермин“ (Mustela Ermin) вчеравечер означи старт на тридневното модно случување во Музејот на современата уметност во Скопје, на кое ќе се претстават талентите од Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“.

Ира Алексовска која ја потпишува етикетата „Мустела Ермин“ (Mustela Ermin) претстави вкупно 24 креации за сезоната пролет-лето 2016 година.

6483da97-4506-4fdf-bb72-6f4008c5fdb7

– Жените на кои им е наменета мојата колекција се бестрашни бидејќи се соочиле со препреки и ги надминале останувајќи непоразени. Имаат самодоверба и не се плашат да привлечат внимание во јавноста носејќи смел, секси, авангареден аутфит – вели Алексовска.

83f4b672-42e0-4b70-9f6c-bc764e2dc252

Ревијата е во организација на Моден викенд Скопје, беше поддржана од Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“ и Амбасадата на Р. Франција во Македонија.

18f1beaa-8b6f-482f-84ae-1b0320fe71ec

Вечерва со почеток од 20,30 часот следува ревијата на „Марков“.

f9525b23-1cef-4528-a356-31055a9cb39e

фото: Ани и Дими

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top