| четврток, 6 декември 2018 |

Промовиран проектот „Бренд концепт“ на Сотир Костов

Денеска секој се смета за бренд, а секој компанија што нуди и продава нешто кажува дека продава бренд, но дали всушност знаеме што е тоа бренд. Ова е дел од воведот на книгата „Вселена на брендови“ од авторот Костов, која денеска беше промовирана. Таа е дел од неколкуте книги и толковници наречени „Бренд концепт“

Македонија има брендови, но не знае како да ги популаризира, смета Сотир Костов, автор на проектот „Бренд концепт“ кој денеска беше промовиран во Младинскиот културен центар (МКЦ).

Денеска секој се смета за бренд, а секој компанија што нуди и продава нешто кажува дека продава бренд, но дали всушност знаеме што е тоа бренд. Ова е дел од воведот на книгата „Вселена на брендови“ од авторот Костов, која денеска беше промовирана. Таа е дел од неколкуте книги и толковници наречени „Бренд концепт“.

Проектот го сочинуваат Толковник за брендинг, адвертајзинг и пи-ар, „Бренд концепти“, „Брендинг“ и „360 степени холистички брендинг“, чиј автор е Костов.

sotirbrending

Авторот вели дека доколку сакаме да бидеме успешни како дома, така и на светскиот пазар мора да работиме на тоа да создаваме брендови во меѓународни размери.

Изданијата на Костов беа промовирани од Бранко Азески, Зоран Иванов, Димитар Мирчев и од Љубчо Зиков.

Промоторите се сложија дека ова е историско и пионерско дело во областа на брендингот, односно во науката која се занимава со оваа област.

– Во светот вакви проекти се работат институционално, а кај нас тоа Костов го стори сам. Затоа ова е и пионирски чекор, а Костов е првиот Мохиканец кој студиозно се зафаќа со целиот поим брендирање – рече еден од промоторите, професорот Мирчев.

Азевски, инаку претседател на Сојузот на стопанските комори на Македонија смета дека човек кој самиот не е бренд, не може да произведе бренд.

– Досега тематски кај нас не е пристапено кон брендирањето, а тоа му успеа на Костов кој 11 години го работел ова дело – рече Азевски.

Според Иванов, ова е еден вид докторат на Костов.

– Елегантно според формата, капитално според содржината – рече Иванов.

Авторот изјави дека станува збор за исклучиво приватен проект.

– Најголем виновник за овој проект е мојата сопруга Билјана и јас од се срце и благодарам за сета поддршка што ми ја даде. Токму и една од книгите и е нејзе посветена – рече Костов.

sotirbrending

Тој за на есен најави бренд енциклопедија во која ќе бидат впишани 20-те најуспешни имиња, односно брендови од Македонија. Не сакаше многу да открива за тој проект, велејќи само дека тој проект веќе се работи, се прават интервјуа и наскоро ќе излезе во јавност. Во неа ќе има место за Влатко Стефановски, Тоше Проески, Благоја Георгиевски – Буштур, Стојна Вангеловска, Калиопи Букле, групата „Мањифико“ и други.

– Од таа енциклопедија младите треба да научат дека и ние сме имале имиња и брендови кои се препознатливи во светот – рече Костов.

Проектот „Бренд кпнцепт“ е поддржан од група уметници, а по промоцијата беше отворена и изложбата на уметнички дела на Владимир Темков, Ива Јпсифова, Кире Алексиев, Гордан Стојановски, Филип Стојановски, Студио „Адверта“ и Илија Лелов – Били, графичар.

Беше отворени и изложбата на тема „Современа македонска графика до 60-тите години на 20-от век“, која ја отвори професор д-р Кирил Темков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top