| четврток, 6 декември 2018 |

Во НУБ одбележан јубилејот 65 години од списанието „Современост“

Денеска напладне во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, беше одбележан 65​-годишниот јубилеј на списанието за литература и култура „С​овременост“.​

Во рамки на одбележувањето говореше д-р Иван К. Заров, директор на НУБ „Св. Климент Охридски“, м-р Славчо Ковилоски, главен и одговорен уредник на ​„Современост​“ и писателот и публицист Мишо Китановски.
На денешниот настан беа промовирани последниот број на списанието и библиографијата на Современост (2000-2015), а исто така беа доделени признанија на поранешните главни и одговорни уредници Георги Сталев и Васил Тоциновски.
НУБ „Св. Климент Охридски“ и ​„Современост​“ подготвија ретроспективна изложба за списанието, ​
која ги опфаќа првите броеви на списанието од 1951 до денес, како и документи од архивата на ​„Современост​“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top