Денеска напладне во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, беше одбележан 65-годишниот јубилеј на списанието за литература и култура „Современост“.
Во рамки на одбележувањето говореше д-р Иван К. Заров, директор на НУБ „Св. Климент Охридски“, м-р Славчо Ковилоски, главен и одговорен уредник на „Современост“ и писателот и публицист Мишо Китановски.
На денешниот настан беа промовирани последниот број на списанието и библиографијата на Современост (2000-2015), а исто така беа доделени признанија на поранешните главни и одговорни уредници Георги Сталев и Васил Тоциновски.
НУБ „Св. Климент Охридски“ и „Современост“ подготвија ретроспективна изложба за списанието,
која ги опфаќа првите броеви на списанието од 1951 до денес, како и документи од архивата на „Современост“
која ги опфаќа првите броеви на списанието од 1951 до денес, како и документи од архивата на „Современост“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.