| четврток, 6 декември 2018 |

Стравотно предупредување: Во секој момент може да се случи земјотрес со катаклизмични размери

san andreas rased kalifornija

Сеизмолозите од Центарот за следење на земјотреси во Лос Анџелес ги предупредија жителите на Калифорнија дека раседот Сан Андреас во јужна Калифорнија е како буре барут кое би можело да експлодира во секој момент.

Ова предупредување доаѓа неколку месеци откако градоначалникот на Лос Анџелес Ерик Гарсети го протурка законот според кој најчувствувтелнитеградбиво граот мора да се засилат за да издржуваат силни земјотреси. Во Центарот пресметале дека јачичната на овој земјотрес би била околу 8 Рихтерови степени.

Последниот поголем земјотрес во Калифорнија се случил во 1857 година и изнесувал 7,9 степени. Тектонските плочи кои се допираат на подрачјето на радесот оттогаш се поместуваат 5-6 сантиметри годишно или 8,5 метри во последните 159 години. Секој дополнителен сантиметар создава притисок на карпите под површината на околното тло.

san-andreas-fault-earthquake

За овој земјотрес се смета дека би можел да биде многу разорен, уште во 2008 година сеизмолозите предупредија дека потрес со магнитуда од 7,8 степени би можел да резултира со 1800 мртви и повеќе од 50.000 повредени, а материјалната штета би изнесувала 200 милијарди долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top