Сеизмолозите од Центарот за следење на земјотреси во Лос Анџелес ги предупредија жителите на Калифорнија дека раседот Сан Андреас во јужна Калифорнија е како буре барут кое би можело да експлодира во секој момент.
Ова предупредување доаѓа неколку месеци откако градоначалникот на Лос Анџелес Ерик Гарсети го протурка законот според кој најчувствувтелнитеградбиво граот мора да се засилат за да издржуваат силни земјотреси. Во Центарот пресметале дека јачичната на овој земјотрес би била околу 8 Рихтерови степени.
Последниот поголем земјотрес во Калифорнија се случил во 1857 година и изнесувал 7,9 степени. Тектонските плочи кои се допираат на подрачјето на радесот оттогаш се поместуваат 5-6 сантиметри годишно или 8,5 метри во последните 159 години. Секој дополнителен сантиметар создава притисок на карпите под површината на околното тло.
За овој земјотрес се смета дека би можел да биде многу разорен, уште во 2008 година сеизмолозите предупредија дека потрес со магнитуда од 7,8 степени би можел да резултира со 1800 мртви и повеќе од 50.000 повредени, а материјалната штета би изнесувала 200 милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)