| четврток, 6 декември 2018 |

На Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола победи Јоланта Поденојте од Литванија (галерија)

Литванската актерка Јоланта Поденојте е победник на Интернационалниот фестивал за монодрама што синоќа заврши во Битола.

13183179_10153641118473652_680791461_n

Според одлуката на меѓународното стручно жири, актерката Поденојте од театарот во Клајпеда која ја изведе монодрамата „Те чекам злато“ остави најсилен впечаток во конкуренција на монодрамски остварувања на актери од САД, Израел, Ерменија, Бугарија, Хрватска, Албанија, Србија и Македонија.

13187663_10153641118503652_953532609_n

13214979_10153641118688652_1189566802_o

Согласно востановената традиција, на фестивалот во Битола со гласање беше доделена и награда од публиката која за најдобра ја прогласи монооперата

13162413_10153641123518652_899007405_n

„Дневникот на лудиот“ што ја изведе хрватскиот актер Озрен Грабариќ, а ја режираше битолчанецот Марјан Неќак.

13149985_10153641123513652_1493693123_n

За овој заеднички проект на ММТ­Битола и НУ Центар за култура ­Битола, публиката даде најмногу гласови, беше истакнато на синоќешното затворање на 18. Интернационален фестивал за монодрама „Битола 2016“.

13152655_10153641123508652_2011867354_n

Во чест на наградените, фестивалската завеса ја спуштија актерите од Театар Комедија -­Скопје кои ја изведоа претставата „Случајот Хармс“ од Данил Хармс, а во режија на Дино Мустафиќ.

Фестивалот во Битола го организираше националната установа Центар за култура, а како и секоја година така и оваа покровител беше Министерството за култура.

фото: Димитар Петковски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top