| четврток, 6 декември 2018 |

Кралицата Елизабета лута на Кинезите – снимена како ги озборува (ВИДЕО)

Ваквите коментари се необични за кралицата Елизабета, со оглед на тоа дека во текот на своето повеќедецениско владеење станала позната по тоа што избегнува да се изјаснува за политика во јавност.

adc33e06-1732-11e6-bd42-dc82dcee8964_1280x720

Британската кралица Елизабета Втора била “фатена” во видео снимка на BBC како вели дека кинеските службеници во текот на посетата на претседателот Си Џинпинг на Велика Британија во октомври, “биле многу непристојни кон амбасадорот” на Британија во Кина.

На снимката која е објавена денес се гледа како Елизабета на својот роденденски прием во Бакингемската палата разговара со еден полициски службеник за посетата на кинеската делегација на Велика Британија.

Како што оценила американската агенција AP, споменатите коментари на кралицата се необични, со оглед на тоа дека 90-годишната кралица во текот на своето повеќедецениско владеење станала позната по тоа што избегнува јавно да се изјаснува за политика.

На снимката, полициската службеничка Луси Дорси, која била задолжена за безбедноста во текот на посетата на кинеската делегација, ѝ вели на кралицата дека тоа било “време на предизвици”.

“Беа многу непристојни кон амбасадорот”, одговорила кралицата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top