Кинезите денеска, по повод Денот на самците, ќе потрошат милијарди долари купувајќи преку интернет разновидни артикли, од пелени до дијаманти.
Продажбата започна на полноќ, а најголемата кинеска компанија за интернет трговија Алибаба соопшти дека заработката преку нивната страница надминала 19 милијарди долари во првите 12 часа од празникот.
Денот на самците го воспоставија студентите во 1993 година, а замислено е празникот да биде алтернатива на Денот на вљубените за младите кои немаат партнер.
Младите си подаруваат еден на друг подароци и го прославуваат статусот на самец, но одат и на прослави, каде што им се отвора можност и некого да запознаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.