| четврток, 6 декември 2018 |

Го плаќаат милиони месечно, а Лавеци ги исмејува: Одвратен чин, истерајте го од државава

lavez

Аргентинскиот фудбалер Езекил Лавеци кој од минатата година е член на кинескиот клуб Хебеј Кина Фортјун, во моментов е во центарот на вниманието на фудбалската јавност заради една негова непромислена фотографија.

Поранешниот играч на Наполи и ПСЖ на фотографирањето за кинеската Суперлига, веројатно сакајќи да биде духовит, се сликал затегнувајќи ги своите очи за да изгледа како Кинез. Овој потег и тоа како ја испровоцирал и ја погодил јавноста во Кина, по што на смета на Аргентинецот пристигнале низа остри критики и бил обвинет за расизам. Некои отишле толку далеку што предложиле тој да биде протеран од државата.

– Екстремно одвратен чин. Лавеци се потсмева на целиот кинески народ. Истерајтe го од државава, бил само еден од коментарите искажани на телевизиите во Кина.

По ова, Лавеци бил приморан да испрати јавно извинување во кој тој изразил жалење за оваа фотографија. Ианку Аргентинецот со неговата астрономска плата од нешто повеќе од 2 милиони евра месечно во Кина, стана еден од најплатените фудбалери во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top