| четврток, 6 декември 2018 |

„Лебедово езеро“ в петок на Мајски оперски вечери

Во петок, на 13 мај 2016 г. во рамките на 44 МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Лебедово езеро“, ремек дело на балетската класика.

„Лебедово езеро“ е во кореографија на гостинот од Украина, Виктор Јаременко, додека главните улоги ќе ги толкуваат: Како, Одета/Одилија ќе настапи Шиори Kасе (Јапонија), улогата на Принцот Зигфрид ќе ја толкува Јона Акоста (Куба), двајцата членови на Лондонскиот Кралски балет. Улогата на Ротбарт, му е доверена на гостинот од Бугарија, Дојчин Дочев.

Со оркестарот на МОБ ќе диригира, Бисера Чадловска.

Настапува комплетниот балетски ансамбл на МОБ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top