| четврток, 6 декември 2018 |

Ова се првите финалисти на „Евровизија“

Првото полуфинале на 61. избор за „Песна на Евровизија“ се одржа вечерва во „Глоуб арената“ во Стокхолм, а жирито и публиката од 18 земји ги избраа првите десет финалисти. 

Овие земји ќе се натпреваруваат во саботното финале:

  1. Азербејџан
  2. Русија
  3. Холандија
  4. Унгарија
  5. Хрватска
  6. Австрија
  7. Ерменија
  8. Чешка
  9. Кипар
  10. Малта

На овогодинешното музичко натпреварување ќе учествуваат вкупно 41 земја од Европа и Австралија, а нашата претставничка Калиопи ќе настапи на втората полуфинална вечер со песната „Дона“, под реден број осум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top