Првото полуфинале на 61. избор за „Песна на Евровизија“ се одржа вечерва во „Глоуб арената“ во Стокхолм, а жирито и публиката од 18 земји ги избраа првите десет финалисти.
Овие земји ќе се натпреваруваат во саботното финале:
- Азербејџан
- Русија
- Холандија
- Унгарија
- Хрватска
- Австрија
- Ерменија
- Чешка
- Кипар
- Малта
На овогодинешното музичко натпреварување ќе учествуваат вкупно 41 земја од Европа и Австралија, а нашата претставничка Калиопи ќе настапи на втората полуфинална вечер со песната „Дона“, под реден број осум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


