| четврток, 6 декември 2018 |

Нина е најлошо облечената, во првите пет уште двајца балкански претставници

Нина Краљиќ од Хрватска е прогласена за најлошо облечената претставничка на годинешната „Евровизија“. Наградата „Барбара Декс“ му ја донесоа дури 770 гласа од вкупно 2.221.

На евровизиската сцена во Стокхолм, Краљиќ носеше креација на Јурај Зигман, кој со уште едно друго дело заврши меѓу првите пет најлошо облечени, бидејќи го креираше костимот и на една од босанските претставнички.

epa05306650 Nina Kraljic representing Croatia performs with the song 'Lighthouse' during the Grand Final of the 61st annual Eurovision Song Contest (ESC) at the Ericsson Globe Arena in Stockholm, Sweden, 14 May 2016. There are 26 finalists from as many countries competing in the grand final. EPA/MAJA SUSLIN SWEDEN OUT

Второто место замина кај Германката Џејми Ли која доби 335 гласа. Швајцарката Рика, која заврши последна во полуфиналето во кое пееше Калиопи, освои 201 глас за лошиот избор на облека.

Бугарија и Поли Генова го освоија четвртото место и на официјалниот евровизиски натпревар, но и во оваа листа, добивајќи 170 бода. На петто се најдоа претставниците на Босна и Херцеговина со 127.

Наградата „Барбара Декс“ за најлошо облечени се доделува веќе дваесет години и е посветена на белгиската претставничка од 1993 година.

Barbara-Dex

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top