Норвешкиот евровизиски тим беше еден од најгласните и најсамоуверени дека в година тие ќе бидат домаќини на фестивалот. Нивната надеж беше русокосата убавица Агнет, која настапи со песната „Icebreaker“.
Сепак, поради здравствени проблеми, та ги пропушти сите претходни проби и настапи само на генералната.
– Агнет има голема поддршка од својот тим и од народот. Во овој момент е целосно фокусирана на перформансот. Таа има здравствени проблеми, затоа нејзините активности се сведени на минимум. Ова е нејзиниот огромен сон, ова е тоа што таа сака да го прави. Цело време ми зборува колку сака да победи. Баш би ми било мило да ве поканам во Норвешка в година – изјави пред полуфиналето Стиг Карлен, дел од нејзиниот тим.
Меѓутоа, не само што не победи, Агнес не стигна ни до финалето. Тоа тешко ѝ падна на пејачката, која почна со плачење уште додека се објавуваа резултатите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)