Изложбата „Внатрешно патување“ на Маја Андонова Јокиќ ќе биде поставена од 15 – 20.05.2016 во Кинотека на Македонија. Отварање на изложбата е на 15.05.2016 во 20 часот.
Маја Андонова Јокиќ е родена на 04 мај 1980 во Скопје. Има дипломирано на економскиот факултет во Скопје, но е со нескриен афинитет кон сликањето. Љубовта кон уметноста расте и се развива во текот на годините, при што создава уметнички дела инспирирани од животот, лицата, ситуациите и доживеаните емоции. Маја Андонова Јокиќ слика аптрактно. Најголемиот дел од делата се акрил на платно, но користи и комбинирани техники. Маја има учествувано со свои дела на „Паратисима 2015“ во Скопје, а „Внатрешно патување“ е прва нејзина самостоја изложба на која ќе ни се претстави со педесетина свои дела.
-Оваа изложба стреми да измени. Да посакате да патувате во себе, разоткривајќи се и љубејќи на начин што поместува и изменува. Ако сте подготвени за промена, придружете се на патувањето. Во оваа изложба интимно се доверувам покажувајќи го начинот на којшто ја изразувам љубовта кон севкупноста. Боите ќе ја разоткријат публиката, сега и овде, ќе овозможат запознавање со своите емоции на љубов и полет. Само тие сили нè креваат до височините на колективното битие, вели авторката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.