| четврток, 6 декември 2018 |

Вугринец: Словенечки шармер што гарантира успех

Интервју со Ренато Вугринец, словечкиот ракометен бек во редовите на Металург, објавено во 30-от број на неделникот „Република“ (29 март 2013)

Renato-Vugrinec-1

До­бив­ме про­тив­ник по ме­ра и про­тив Кјел­це мо­же да се игра. Во че­тврт-фи­на­ле­то не­ма лес­ни про­тив­ни­ци, но се­ка­ко до­бро е што се из­бег­на­ти Бар­се­ло­на, Хам­бург, па и Вес­прем, ка­де што мно­гу се вло­жу­ва. Тре­ба да се знае де­ка Кјел­це има мно­гу по­го­лем бу­џет од нас. Ние ќе тре­ба да ја ану­ли­ра­ме таа пред­ност на те­ре­нот, а мис­лам де­ка про­тив нив има­ме со­лид­ни шан­си, ве­ли Сло­ве­не­цот.

 

Ре­на­то Ву­гри­нец е џек-по­тот на ра­ко­мет­ни­от клуб Ме­та­лург, а ан­гаж­ма­нот на 38-го­диш­ни­от сло­ве­неч­ки бек се по­ка­жа ка­ко из­во­нред­на ин­ве­сти­ци­ја на на­ши­от шам­пи­он. Во втор обид, ре­но­ми­ра­ни­от играч, кој има и ти­ту­ла со Цел­је во ЛШ, при­фа­ти да дој­де во Скоп­је и да игра за „ме­та­лур­зи­те“. При­каз­на­та до­би­ва раз­ме­ри на ви­стин­ска бај­ка, а стиг­нав­ме и до исто­ри­ја­та. Ме­та­лург е пр­ви­от ма­ке­дон­ски ма­шки клуб што ќе игра че­тврт-фи­на­ле во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те. На па­тот до под­виг и плас­ман на за­врш­ни­от тур­нир во Келн, кој ќе се игра на 1 и на 2 ју­ни, е са­мо ед­на преч­ка, пол­ски­от тим Ви­ва Тар­ги Кјел­це. Два­та ти­ма ве­ќе играа во фа­за­та по гру­пи, а Ме­та­лург бе­ше по­ра­зен и во Скоп­је, со 21-23, и во Кјел­це, со 20-21. Се­га е тре­та сре­ќа за на­ши­от пр­вак, во ду­е­ли­те што ќе се игра­ат на 21 април, кај нас, во са­ла­та „Бо­рис Трај­ков­ски“, и на 28 април, на го­сти. Ву­гри­нец е оп­ти­мист и ве­ли де­ка е вре­ме за ре­ванш. Тој е не­ве­ро­јат­но ха­риз­ма­ти­чен спорт­ски лик, со ин­те­ре­сен стил на игра и врв­на ра­ко­мет­на тех­ни­ка. Над­вор од те­ре­нот е мно­гу при­ја­тен, со ин­те­рес­ни за­бе­ле­шки и смис­ла за ху­мор.

 

До­бра ли е ждреп­ка­та за Ме­та­лург, со ог­лед де­ка се из­бег­на­ти сил­ни­те Бар­се­ло­на и Хам­бург?
Вугринец: До­бив­ме про­тив­ник по ме­ра, про­тив кој мо­же да се игра. Во че­тврт-фи­на­ле­то не­ма лес­ни про­тив­ни­ци, но се­ка­ко до­бро е што се из­бег­на­ти Бар­се­ло­на, Хам­бург, па и Вес­прем, ка­де што се вло­жу­ва мно­гу. Тре­ба да се знае де­ка Кјел­це има мно­гу по­го­лем бу­џет од нас. Ние ќе тре­ба да ја ану­ли­ра­ме таа пред­ност на те­ре­нот, а мис­лам де­ка про­тив нив има­ме со­лид­ни шан­си. Иа­ко ги за­гу­бив­ме два­та нат­пре­ва­ри со Кјел­це, бев­ме рам­но­пра­вен про­тив­ник и са­мо ни­јан­си од­лу­чу­ваа. Ме­не ми се мно­гу ин­те­рес­на еки­па, мал­ку и чуд­на, би­деј­ќи глав­ни аду­ти им се кри­ла­та. Чу­пиќ и Штр­лек се из­во­нред­ни и тие го но­сат це­ли­от тим. Има­ат мно­гу ре­ше­ни­ја, по 2-3 ек­стра-ква­ли­тет­ни игра­чи на се­ко­ја по­зи­ци­ја, а на­ша нај­го­ле­ма шан­са е раз­ни­ша­на­та ат­мо­сфе­ра кај нив. И, се­ка­ко, по­вре­ди­те на Чу­пиќ и на Штр­лек, иа­ко се оче­ку­ва да на­ста­пат про­тив нас.

Тво­е­то искус­тво е огром­но, имаш игра­но шест­па­ти во по­лу­фи­на­ле­то на ЛШ и освои ед­на ти­ту­ла со Цел­је. Се­пак, не­маш на­стап на фај­нал­фор, си­стем што е ре­ла­тив­но нов во нај­ква­ли­тет­но­то нат­пре­ва­ру­ва­ње.
ВугринецТоа е нов пре­диз­вик за ме­не и се­ка­ко де­ка са­кам да играм во Келн. И за се­бе, а осо­бе­но за Ме­та­лург, ка­де што ме при­фа­ти­ја ка­ко да сум израс­нал во клу­бот. Се­пак, да по­че­ка­ме, би­деј­ќи след­ни­от про­тив­ник ни е Кјел­це и ту­ка нè че­ка те­шка за­да­ча. Фај­нал­фо­рот би бил по­ле­сен за нас би­деј­ќи се игра во два де­на и ту­ка сè е мож­но. Не­ма по­пра­вен, не­ма вра­ќа­ње на­зад, а со две по­бе­ди во кус рок, се осво­ју­ва ти­ту­ла­та. Јас ду­ри се­га се по­тсе­тив де­ка не­мам игра­но на за­врш­ни­ца во ва­ков си­стем на нат­пре­ва­ру­ва­ње. А, имам игра­но во шест по­лу­фи­на­ли­ња и осво­ив ед­на ти­ту­ла со Цел­је. Мо­же­би е вре­ме за на­стап и на фај­нал­фор. Тоа би бил ви­стин­ски по­да­рок за нас, за пре­крас­ни­те на­ви­ва­чи и за Ме­та­лург. Се на­де­вам де­ка има­ме си­ли за нов под­виг.

И емо­ци­и­те ра­бо­теа кај те­бе, па и сол­зи­те беа при­сут­ни по три­ум­фот над Ди­на­мо Минск во ос­ми­на­фи­на­ле­то. Што се слу­чи со искус­ни­от волк Ву­гри­нец?
ВугринецСе слу­чи мо­мент ко­га ме преп­ла­ви­ја емо­ци­и­те. Се со­бра сè во ед­но. И ра­дост и за­до­волс­тво и сре­ќа, но и олес­ну­ва­ње по на­пор­ни­те тре­нин­зи и нат­пре­ва­ри. Ка­ко на­гра­да за це­ли­от труд во из­ми­на­ти­от пер­и­од. Има­ше и отка­жу­ва­ња од мно­гу ра­бо­ти, за­до­волс­тва, но тоа е та­ка кај нас спор­ти­сти­те. Се­ка­ко, бев и емо­тив­но трог­нат од це­ла­та ат­мо­сфе­ра. На­ви­ва­чи­те беа пре­крас­ни, се вгра­ди­ја во ус­пе­хот на Ме­та­лург и тие се мно­гу зас­луж­ни за уба­ва­та аван­ту­ра во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те. На­ро­дот ов­де го са­ка спор­тот, жи­вее за ус­пе­си и за­тоа сум сре­ќен што сум дел од оваа при­каз­на. Се на­де­вам де­ка спе­ци­јал­ни­от мо­мент ќе про­дол­жи, а по­втор­но ќе се ра­ду­ва­ме за­ед­но со си­те спорт­ски вљу­бе­ни­ци во ра­ко­мет­на­та игра.

Renato-Vugrinec-3

„Па­ра­лел-сла­лом“ на Ву­гри – играл исто­вре­ме­но и ра­ко­мет и ко­шар­ка

Врв­на­та тех­ни­ка што е очиг­лед­на кај дес­ни­от бек од Сло­ве­ни­ја, ми­ну­ва во си­те спор­то­ви со топ­ка. На по­че­то­кот на ка­ри­е­ра­та во Птуј, па­ра­лел­но играл и ра­ко­мет и ко­шар­ка, а ве­лат де­ка фе­но­ме­нал­но игра и мал фуд­бал. Са­мо фа­ктот што Птуј имал пр­во­ли­гаш во ра­ко­мет го од­нел во овие во­ди и се од­лу­чил да про­дол­жи со ра­ко­ме­тот, на ште­та на ко­шар­ка­та. А, ма­ли­от фуд­бал е по­себ­на при­каз­на. Ко­ле­ги­те од Сло­ве­ни­ја ве­лат де­ка е ма­е­стра­лен играч, а со ти­мот осво­ил не­кол­ку тур­ни­ри. Ме­та­лург, ако се пла­си­ра на фај­нал­фо­рот, за­дол­жи­тел­но ќе тре­ба да одре­ди еден прет­став­ник што ќе учес­тву­ва на ху­ма­ни­тар­ни­от тур­нир во голф, во пре­стиж­ни­от клуб Вел­дер­хоф. Тоа го ба­ра ЕХФ, а фа­во­ри­тот од Ме­та­лург, се знае, тоа е по­пу­лар­ни­от Ву­гри. Да се на­де­ва­ме де­ка ќе го ви­ди­ме и на тој тур­нир, со влог од 500 евра, но и во би­тка­та за европ­ска­та кру­на со Ме­та­лург на ра­ко­мет­ни­от те­рен во Келн.

Мож­но ли е еу­фо­ри­ја­та што се соз­да­де да би­де до­пол­ни­те­лен то­вар за ра­ко­ме­та­ри­те на Ме­та­лург?
ВугринецНе ве­ру­вам де­ка ќе ни би­де преч­ка, на­про­тив јас ужи­вам ко­га три­би­ни­те се пол­ни. Тоа е мо­тив за уште по­до­бра игра, за но­ви ра­до­сти. Ве­ру­вам де­ка ни­кој не оче­ку­ва­ше ва­ков ус­пех, но из­не­на­ду­ва­ња­та се дел од спор­тот. Ме­та­лург че­ко­ри на­пред, ние раз­мис­лу­ва­ме за след­ни­те че­ко­ри, а се­га и про­тив­ни­ци­те нè гле­да­ат по­и­на­ку, со по­го­лем рес­пект. Ме­та­лург има мно­гу по­мал бу­џет од си­те че­тврт-фи­на­ли­сти, но има го­ле­мо ср­це и од­лич­но се про­мо­ви­ра на ра­ко­мет­на­та ма­па во Евро­па. Тоа го чув­ству­вам и на те­ре­нот, но и во се­којд­нев­ни­от жи­вот. Ме пре­поз­на­ва­ат обич­ни­те лу­ѓе, ба­ра­ат авто­грам, ќе ви по­де­лат нас­ме­вка, са­ка­ат да ве поз­дра­ват. Се­то тоа е су­пер и за Ме­та­лург и за Скоп­је, а ве­ру­вам и за це­ла Ма­ке­до­ни­ја. По­зи­тив­ни­те ви­бра­ции се чув­ству­ва­ат и мис­лам де­ка тоа ќе ни да­де крил­ја за до­бра прет­ста­ва и про­тив Кјел­це.

Се­мејс­тво­то Ву­гри­нец жи­вее во Сло­ве­ни­ја, а Ре­на­то е сам во Скоп­је. Не е да­ле­ку, но тре­ба да се из­др­жи. Имаш ли под­др­шка од најб­ли­ски­те?
ВугринецОд по­че­то­кот на мо­ја­та ка­ри­е­ра се на­вик­нав­ме на та­ков ри­там. Со­пру­га­та Ма­ри­на има раз­би­ра­ње за ме­не и ко­га сме за­ед­но, во­оп­што не збо­ру­ва­ме за на­ши­те про­фе­сии. Играв за раз­лич­ни клу­бо­ви во раз­лич­ни зем­ји и без под­др­шка­та од се­мејс­тво­то, се­ка­ко, не би ус­пе­ал. Де­но­ви­ве ќе одам за Сло­ве­ни­ја за да при­сус­тву­вам на тре­ти­от ро­ден­ден на мо­јот син Ве­рон-Ју­лен и за да се дру­жам со две­те ќер­ки, Кар­ла, ко­ја има 18 ме­се­ци, и со 9-го­диш­на­та Иво­на-Реа. Се на­де­вам де­ка след­ни­от пат тие ќе дој­дат во Скоп­је, да ја по­се­тат и ви­дат Ма­ке­до­ни­ја.

Renato-Vugrinec-2

Со Цел­је бе­ше европ­ски пр­вак, до­каз де­ка и та­ка­на­ре­че­ни­те „ма­ли“ еки­пи мо­жат да ус­пе­ат. Има ли слич­ност во таа при­каз­на со оваа на Ме­та­лург?
ВугринецОвие мо­мен­ти не­о­до­ли­во ме по­тсе­ту­ва­ат на тие вре­ми­ња ко­га со Цел­је ста­нав­ме европ­ски пр­ва­ци. Во Сло­ве­ни­ја то­гаш вла­де­е­ше пре­крас­на ат­мо­сфе­ра, слич­на на се­гаш­на­та во Ма­ке­до­ни­ја. Бе­ше лу­до и ин­те­рес­но, ка­ко што се­га се чув­ству­вам кај вас. Се­пак, не тре­ба да ле­та­ме во об­ла­ци и да оче­ку­ва­ме прем­но­гу. Тре­ба да се ра­ду­ва­ме на се­кој ус­пех, но тре­ба да се знае де­ка во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те про­тив­ни­ци­те се иск­лу­чи­тел­но ква­ли­тет­ни, а нат­пре­ва­ри­те не­из­вес­ни и те­шки. До­бро е што на ждреп­ка­та во Ви­е­на се про­ме­ни­ја и ве­три­шта­та во ЕХФ, па не­ма ве­ќе при­ви­ле­ги­ра­ни. Се знае де­ка фа­во­ри­ти се гер­ман­ски­те и шпан­ски­те еки­пи, од­нос­но по­бо­га­ти­те. Цел­је во 2004 го­ди­на по­ка­жа де­ка и та­ка­на­ре­че­ни­те ма­ли еки­пи се ка­дар­ни за осво­ју­ва­ње на вр­вот на европ­ски­от ра­ко­мет. И то­гаш Фленс­бург бе­ше фа­во­рит, па, се­пак, ние по­бе­див­ме. Ме­та­лург, со игри­те во пос­лед­ни­те се­зо­ни, по­сто­ја­но на­пре­ду­ва и се но­си ус­пеш­но со ги­ган­ти­те, но да­ли тоа е до­вол­но за ти­ту­ла ќе по­ка­же вре­ме­то.

Разговараше: Зо­ран По­пов­ски
Фото: Република

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top